Концертите на отворено продолжуваат во Скопје


Кај Музејот на современа уметност во Скопје вечер, во 20 часот, ќе се одржи нов концерт од програмата „Култура во време на Корона“. Музичката група „Ај кју“ (EYE CUE) ќе одржи едночасовен концерт.

Како што соопшти Град Скопје, за наредните денови се планирани и изложби, видеоарт презентации, настапи на диџеи и состави на класична музика, како и театарски изведби по следниов распоред:

– Христина Зафировска – 25 април 2020 година, сабота од 12:00 ( видео – визуелни уметности )

– Артан Кастрати – 25 април 2020, сабота – парк Топанско Поле од 17:00 часот.

– Funk Shui – 25 април 2020, сабота – кај Млечен од 18:00 часот.

– Musaiq – 25 април 2020, сабота – кај Млечен од 20:00 часот.

– Гоце Илиевски, 26 април 2020, недела од 11:30 часот (видео – визуелни уметности)

– Арда Мустафаоглу 26 април 2020, Парк Шопен во Кисела Вода од 12.00 часот.

– Емилија Потевска Попивода, 26 април 2020, Парк Шопен во Кисела Вода од 12:30 часот.

– Дуња Иванова, 26 април 2020, Парк Шопен во Кисела Вода од 13.00 часот.

– Силви Бенд, 26 април 2020, Парк Шопен во Кисела Вода од 14.00 часот.

– Pluto’s Doubts 26 април 2020, Аеродром, кај Стела од 18.00 часот.

– South Park 26 април 2020, Аеродром, кај Стела од 20.00 часот.

Сите настапи ќе биде стримувани на фејсбук страницата на Град Скопје https://www.facebook.com/CityofSkopje/?ref=br_rs, и на Youtube канал на Град Скопје https://www.youtube.com/channel/UChnvnL2Inms7iLk6uzQFyTw

Град Скопје потсетува дека заедно со градските културни институции на 13 април 2020 година објави Јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“. Идејата на повикот, како што се наведува, е пред сè да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници кои што ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом.

Заинтересираните уметници може да се пријавуваат на https://mkc.mk/vesti/grsk_povik1/

Градските власти соопштија дека со овој повик ќе се поддржат следните видови проекти: маалски изведби во времетраење до два часа, техничката опрема ќе биде обезбедена од културните установи на Град Скопје и виртуелни изложби, претстави, перформанси, концерти, работилници за деца…, во времетраење до два часа.

Сите учесници ќе добиваат еднаков солидарен хонорар во нето износ од 14.500 денари. Повикот ќе трае до завршувањето на вонредната ситуација