Образовни асистенти ќе им помагаат на учениците со потешкотии при учење во Кисела Вода


Во општина Кисела Вода денеска беа потпишани договори со 30 образовни асистенти, кои во текот на оваа учебна година ќе им помагаат на учениците со потешкотии при усвојувањето на наставната програма во општинските основни училишта.   Ангажирањето на образовни асистенти се практикува петта година по ред, како дел од проектот „Учиме, се воспитуваме, другаруваме“, во […]

Мугабе ќе биде погребан во недела меѓу националните херои на Зимбабве


Првиот премиер на независно Зимбабве и долгогодишен претседател на земјата, Роберт Мугабе, ќе биде погребан во недела во националното светилиште во главниот град Хараре, изјави денеска портпаролот на семејството Мугабе, што е во спротивност со коментарите што се слушаа вчера, а според кои семејството се противело на владините планови за организација на погребот. Мугабе, кој […]

Утре парламентот ќе одлучува дали да ја разреши Катица


Претседателот на Собранието, Талат Џафери само што го потпиша решението за свикување Седница утре во 13 часот, со единствената точка на дневен ред-разрешување на осомничената обвинителка Катица Јанева. На 5 септември Комисијата за избори и именувања зад затворена врата едногласно и без дебата донесе заклучок да му предложи на Собранието да ја разреши специјалната јавна […]

Северна Македонија и Црна Гора потпишаа спогодба за признавање на доверливи услуги


Северна Македонија и Црна Гора денеска потпишаа спогодба за заедничко признавање на квалификувани доверливи услуги и на шемите за електронска идентификација. Спогодбата ја потпишаа министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и црногорската министерка за јавна администрација Сузана Прибиловиќ. Потпишувањето на спогодбата значи дека електронските документи издадени од институциите во Северна Македонија како што […]

УЕФА ја казни швајцарската Супер лига поради учество на Сион во Лига Европа


УЕФА ја казни Швајцарската Супер лига со 50 илјади евра за направена грешка кога на Сион му беше дозволено да учествува во квалификациските натпревари во Лигата на Европа. Секој тим кој се квалификува за европски натпревар мора да добие лиценца од матичната федерација или лига. Лиценцата докажува дека клубот спроведува правилни административни и финансиски активности […]

Поплави во Алжир


Силно невреме ги поплави метро станиците и новиот градски аеродром во главниот град на Алжир. Главните булевари се претворени во калливи реки каде возачите беа заглавени во автомобилите, пренесуваат локалните медиуми. Портпаролот за цивилна заштита Карим Бернави изјави денеска дека штетата од дождот што вчера го зафати Алжир е огромна. Градоначалникот на Алжир рече дека […]

Дескоска: Министерството за правда нема надлежност да утврдува автентичност на потписот на Јанева


Министерството за правда нема надлежност за утврдување на автентичноста на потписот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на писмата кои беа испратени од неа до СЈО и до републичкото Јавно обвинителство, рече министерката за правда Рената Дескоска. -Писма, јас колку што знам, се упатени и до СЈО и до Републичкиот јавен обвинител. Вие знаете дека […]

Deskoska: Lëndët e PSP-së do të kenë zgjidhje


Ministrja e Drejtësisë, Renata Deskoska sot porositi se pa prokurori të fuqishme, të pavarur flitet kot për shtet juridik dhe u bëri thirrje deputetëve të cilët duan të votojnë për ligjin e ri të mendojnë ku ta shohin të ardhmen e vendit. Në fjalimin në fillim të tuining projektit për mbështetje të Prokurorisë publike, Deskoska […]

Joveski: Deri në fund të ditës duhet të përfundojë marrja e lëndëve nga PSP


 Sot në mëngjes ka filluar procesi i marrjes së lëndëve nga kompetencat e PSP-së në kompetenca të Prokurorisë publike të Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe pres që deri në fund të ditës procesi i marrjes së lëndëve të përfundojë, deklaroi prokurori publik shtetërore, Ljubomir Joveski. Theksoi se nga java e ardhshme do të vazhdojnë […]

Tridhjetë ditë të reja paraburgim për Jovanovskin dhe Milevskin për rastin “Reket”


Bojan Jovanovski dhe Zoran Mileski të dyshuar në rastin “Reket”, do të mbesin në paraburgim  edhe 30 ditë, kumtoi Gjykata Penale në Shkup. “Këshilli Penal i Repartit për ndjekje të krimit të organizuar dhe korrupsionit pranë Gjykatës Themelore Penale Shkup, sot (13.09.2019) duke vepruar sipas propozimit të prokurorit publik kompetent për vazhdim të masës së […]

Јовески: До крајот на денот треба да заврши преземањето на предметите од СЈО


Изутрината е почнат процесот на преземање на предметите од надлежност на СЈО во надлежност на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и очекувам до крајот на денот процесот на преземање на предметите да заврши, изјави државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Посочи дека од следната недела ќе продолжат техничките детали на споредување на пописите на списи […]

Бизнисмени од Балканот дебатираат за финансирање на инвестициски компании и работната сила


Бизнисмени од регионов учествуваат на првиот Балкански претприемачки самит во Скопје во организација на Стопанската комора на Македонија и Центарот за неформално образование „Creative Hub“, на кој во наредниве дена своите искуства на панели ќе ги споделат повеќе од 30 светски признати говорници и претприемачи од Франција, Грција, Индија, Бугарија, Турција, Албанија и од земјава. […]

Австралија не издржа до крај: Шпанија е прв финалист на СП во кошарка


Кошаркарската репрезентација на Шпанија е прв финалист на Светското првенство во Кина. „Фуријата“ во полуфиналето, по две продолженија, ја совлада Австралија со 95:88 (мечот во регуларниот дел заврши 71:71). Австралијците водеа во целиот тек на натпреварот меѓутоа завршницата, сепак, им припадна на шпанските кошаркари кои се изборија за екстра баскет, а потоа, понесени од Рики […]

Српското Министерство за правда нема информации за приведувањето на Палевски


– Српското Министерство за правда нема информации за приведувањето на бизнисменот Љупчо Палевски – Палчо за кого македонските медиуми објавија дека  вчера бил приведен од полицијата во Белград во моментот кога сакал да се качи на авион за Москва. – Министерството за правда на Република Србија нема сознанија за приведување на вакво лице, се наведува […]

Гори танкер во Норвешка


Голем пожар изби на танкер во близина на западниот брег на Норвешка. Пожарот изби на еден од моторите на танкерот што превезува нафта на до терминалот. Терминалот е евакуиран, а членовите на екипажот на танкерот помагаат во гаснење на огнот. Сѐ уште не е позната причината за пожарот.

Нови зелени површини во Карпош


Во претстојниот период и во текот на 2020 година, Општина Карпош ќе се фокусира на одржување на зелените површини, поставување на системи за наводнување и облагородување на тревниците, во рамки на заштита на животната средина. Денеска, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, заедно со директорот на ЈП Паркови и зеленило, Ардијан Муча беа во обиколка […]

Дескоска: Предметите на СЈО ќе имаат завршница


Министерката за правда Рената Дескоска денеска порача дека без силно, независно обвинителство попусто се говори за правна држава и ги повика пратениците кои треба да гласаат за новиот закон да размислат каде ја гледаат иднината на земјата. Во обраќањето на почетокот на твининг-проект за поддршка на Јавното обвинителство, Дескоска рече дека носењето на законот веќе […]

Нетанјаху: Можна е војна во Газа и пред изборите


Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, по враќањето од Русија изјави дека во секој момент може да избие војна со екстремистичките организации во Појасот Газа. – Операција во Газа може да се случи секој момент, вклучително и четири дена пред изборите. Датумот на изборите не е фактор (за одлуката дали да се оди во војна), истакна […]

Европските зелени даваат поддршка за интеграцијата на земјава во ЕУ


Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин учествуваше на лидерска средба на Европските зелени партии, што се одржа во Брисел.   Во своето излагање таа го потенцираше значењето на континуираната поддршка што Европските зелени ја даваат за нашите евроинтеграциски процеси. Европските зелени и овој пат во Брисел дадоа силна поддршка за добивање датум за почеток на преговори […]

Уште 30 дена притвор за Боки 13


Бојан Јовановски и понатаму останува во притвор, откако вчера Кривичниот совет му ја продолжил мерката за уште 30 дена. Јовановски веќе два месеци е во притвор во истражниот затвор „Скопје“, а последните 30 дена му истекуваат денес. Тој заедно со Зоран Милевски -Кичеец и со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева се осомничени во истрагата за […]