Хашим Тачи бара укинување на границата меѓу Косово и Албанија


Косовскиот претседател Хашим Тачи веднаш по враќањето од Тирана, каде што учествуваше на самитот на „Процесот Брдо-Бриони“, побара укинување на границата меѓу Косово и Албанија. Тачи на својот Фејсбук напиша дека денеска поминал низ граничниот премин Морина, кој, според него, „неправедно ги дели Косово и Албанија“. – Тукушто ја поминав граничната точка во Морина, која […]

Регистар на вистински сопственици на фирми до крајот на годинава


Заклучно со февруари годинава од Централниот регистар се избришани вкупно 3.603 фирми по основ на недоставена годишна сметка, невпишан влог и неупис на поштенско сандаче, како и уште 3.200 субјекти поради ликвидација и стечај. Како што соопшти денеска на прес-конференција директорката на Централниот регистар Марија Бошковска Јанковски, годинава, до денеска, се основани 2.637 деловни субјекти, […]

Градот Скопје ги ослободува заробените дрвја од градежен материјал


Градот Скопје досега ослободил 15 отсто од вкупниот број заробени стебла и корења на дрвјата со градежен материјал поставен при нестручно изведени градежни активности, кои се во негова надлежност. Градоначалникот Петре Шилегов очекува годинава да бидат ослободени сите 184 дрвја и корени на дрвјата кои се во надлежност на градот, а до крајот на годината […]

Граѓаните на Истанбул ги откажуваат резервациите за одмор поради повторените избори


Турција – Жителите на Истанбул ги откажуваат резервациите за одмор, со цел да учествуваат на повторените избори за градоначалник на метрополата на 23 јуни, изјави претседателот на Асоцијацијата на турските туристички агенции, Фируз Баглакаја. Откако Врховната изборна комисија донесе одлука за прегласување на изборите за градоначалник на Истанбул на 23 јуни, 90 отсто од луѓето кои […]

ЗНМ: Собранието да ги забрза реформите, a Владата да се воздржи од оценки за работата на МРТ


Здружението на новинарите на Македонија реагира на заклучокот на Владата на Република Северна Македонија од 8-ми мај, со кој се дава оценка за работата на Македонската радио телевизија. Во заклучокот се вели дека Македонската радио телевизија не ги исполнила професионалните и етичките новинарски стандарди за обезбедување уредувачка независност, непристрасност и објективност во информирањето. Неспорно е […]

Шилегов: Анализи и одлуки за промени на функционерите по инаугурацијата на претседателот


Министерот за економија Крешник Бектеши во коментар на најавите на  премиерот Зоран Заев за разрешување на владини функционери поради незадоволство од нивната работа  вели дека за кадрите на Демократската унија за интеграција (ДУИ) од која што е тој дел, одлучува партијата и нејзиниот лидер Али Ахмети. Предметот во Антикорупциската комисија во однос на вработувањето на […]

Дрвјата зад Воениот стадион добија имиња по новороденчиња


Екипите на Град Скопје почнаа да поставуваат плочки со имињата на новородените деца на дрвјата во градските дрвореди, во рамки на проектот „Дрво за секое дете“. На кејот на реката Вардар, зад Воениот стадион во Градскиот парк, денеска беа поставени 20-тина плочки на новите дрвја што беа засадени во минатата акција за зазеленување на градот. […]

Адеми: За неколку дена насоки за уписот на првачиња по епидемијата со морбили


Министерствата за образование и наука и за здравство за неколку дена ќе излезат со став и насоки за основните училишта во однос на уписот на првачињата со оглед дека со прогласувањето на епидемијата на морбили не се запишуваат невакцинираните деца, информира денеска министерот за образование и наука Арбер Адеми. – Во постојана комуникација сме со […]

Чавков не се сеќава дали дал наредба да се апси Бошкоски


Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков сведочеше на денешното судско рочиште за случајот „Тортура“, односно за нечовечното апсење на Љубе Бошкоски. Чавков за сведок беше предложен од СЈО, бидејќи во периодот кога Бошкоски беше уапсен како осомничен за случајот „Кампања“, во јуни 2011 година, бил на функцијата началник на Одделението за организиран криминал. Тој […]

(Видео) Топка ја погоди новинарката во глава во јавувањето во живо од „Месталја“


Известувањето покрај фудбалски терен во текот на загревање на играчите може да биде незгодно искуство, а тоа на сопствена кожа го почувствува новинарката на шпанската телевизија GOL пред натпреварот од полуфиналето на Европската лига меѓу Валенсија и Арсенал, одиграна во четврток вечер. новинарката се јавуваше во живо покрај теренот на стадионот кога еден играч од […]

Иванов ја сака пензијата од 100.000 денари


На последниот работен ден како претседател на државата, пред да му истече мандатот во недела, Ѓорге Иванов денеска го искористил законското право и доставил барање до владината Служба за општи и заеднички работи за изнајмување на кабинет. Според официјални информации, СОЗР одговорила позитивно на барањето, бидејќи буџетот за канцеларијата изнесува 8 проценти од годишниот буџет […]

МВР: Кривични пријави за дилери, менаџери на локали, директори и административци


Министерството за внатрешни работи објави соопштение во кое изнесе детали за вчерашната полициска акција која се спроведуваше на неколку локации во Скопје. Соопштението го пренесуваме во целост: Вчера (09.05.) од страна на Бирото за Јавна Безбедност – Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција, во соработка со Одделот за […]

Со бугарска помош до подобра примена на мерките за енергетска ефикасност


Македонски и бугарски експерти ќе соработуваат и ќе разменуваат искуства од областа на енергетската ефикасност. Тоа го овозможува Меморандумот за соработка што го потпишаа Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија и Бугарската агенција за одржлив енергетски развој во рамки на работилница на тема „Одржлив енергетски развој – структура, улоги и активности“ што  се одржа […]

Нова дрога „јагода“, „блади мери“ во Србија, стопати појака од марихуаната


Во Србија се појави нова дрога, психоактивна супстанца која е стопати посилна од марихуаната, објави РТС. Ефектите на синтетските канабиноиди се слични на марихуаната, но имаат стопати посилно дејство и се забележуваат десет минути по консумирањето. Се изразува преку црвенило на очите и конјуктивит, забрзан пулс, сува уста, промена на расположението и перцепцијата. Последиците се […]

Соосновачот на Фејсбук: „Време е да го изгасиме!“


Крис Хјуз своевремено му помагал на Марк Закерберг да создаде голема социјална мрежа и познат бренд, но сега повикува на нејзино гасење. Во колумната која ја објави во “New York Times”, Хјуз вели дека Марк има “неверојатна моќ” и влијание во владите и дека е “време Фејсбук да се укине”. „Марк е добра, љубезна личност, […]

Гувернерката контра Анѓушев за странските инвестиции


Народна банка не го дели ентузијазмот на Владата за високиот прилив на директни странски инвестиции годинава. Во пролетната проекција за економијата пресметала нивен раст од само 3,2 отсто. „Забрзувањето на евроатлантската интеграција може да донесе поголеми бенефити за нашата економија, согласно искуствата на економиите кои веќе поминаа низ овој процес. Сепак, нашето сценарио не ги […]

Основци го посетија Центарот за рециклирање отпад во „Комунална хигиена“


Четириесет ученици од петтите одделенија при ООУ „Дитурија“ од скопската општина Сарај, го посетија Центарот за селекција на отпадот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје. Учениците се запознаа со процесот на селекција на отпадот и неговото балирање со помош на машини, a за прв пат имаа можност да видат како изгледа гранулат, претформа на пластично […]

Поранешниот градоначалник на Чашка вработил 40 луѓе кои не доаѓале на работа


Против поранешниот градоначалник на Општина Чашка, Горанчо Пановски, е поднесена кривична пријава затоа што вработил 40 лица, од кои немало потреба и кои не доаѓале на работа. Пријавата ја поднесе Секторот за внатрешни работи Велес за „злоупотреба на службена положба и овластување”. „Во периодот од 2013 до 2017 година пријавениот одобрил времено вработување со договор […]

Во Небрегово ќе се одбележи Денот на македонската азбука


Во спомен домот во Небрегово, во родната куќа на таткото на македонскиот стандарден јазик и на граматиката Блаже Конески, денеска напладне ќе биде одбележан Денот на македонската азбука. Воедно, ќе биде промовирана книга на професор д-р Људмил Спасов и ќе се оделат плакети за сите кои овозможија Спомен домот на Блаже Конески да се претвори […]

Иванов не побарал ниту да се врати на Правен факултет


Досегашниот претседател Ѓорге Иванов, веројатно, ги пакува куферите за заминување од претседателската вила, ама не открива дали од почеток ќе го искористи правото на доживотна апанажа како експретседател на државата? Или ќе се врати на Правниот факултет во Скопје додека не ги исполни условите за старосна пензија, кога повторно ќе може да ги користи привилегиите […]