Поранешниот градоначалник на Чашка вработил 40 луѓе кои не доаѓале на работа


Против поранешниот градоначалник на Општина Чашка, Горанчо Пановски, е поднесена кривична пријава затоа што вработил 40 лица, од кои немало потреба и кои не доаѓале на работа. Пријавата ја поднесе Секторот за внатрешни работи Велес за „злоупотреба на службена положба и овластување”.
„Во периодот од 2013 до 2017 година пријавениот одобрил времено вработување со договор на дело за 40 лица во општина Чашка, иако општината немала потреба од вработување. После тоа, тие воопшто не доаѓале на работа и не биле потпишувани во евидентните списоци, а договорите им се продолжувале секој месец и им се исплатувал надомест од општината“, соопштија од МВР.
Пановски, неодамна беше осуден на три години затвор за легализацијата на планинарскиот дом „Чеплес“.