Утре нова рунда разговори на работните групи за законот за јавно обвинителство


Разговорите меѓу работните групи на власта и опозицијата за законот за јавно обвинителство, со кој треба да се реши и идниот статсус на Специјалното јавно обвинителство продолжуваат утре во 15 часот, потврдија за МИА од Министерството за правда. Според министерката за правда Рената Дескоска, ВМРО-ДПМНЕ со 65-те амандмани за законот за јавно обвинителство има намера да […]

Петицијата за откажување од Брегзит собра повеќе од шест милиони потписи


Петицијата со која се бара од британската Влада да го повлече членот 50 и да го преиспита својот план за излез од Европската унија, помина шест милиони потписи, еден и пол ден откако Британија требаше да ја напушти Европската унија. Весникот „Гардијан“ инфомира дека британските пратеници денеска треба да дискутираат за петицијата. Владата на премиерката […]

Почнува најдолгата априлијада


ЕРОЛ РИЗАОВ Од денеска, први април, на празникот на шегата, почнува најдолгата априлијада. Ќе нè лажат и ќе се шегуваат со нас дење-ноќе 35 дена, а многу веројатно и нешто подолго. Разликата меѓу овој април и претходните месеци не можете да ја забележите баш најдобро, бидејќи играат мајтап и нè лажат со години и тоа […]

„Сите наши тела“ – нова книга од бугарскиот писател Георги Господинов


Збирката раскази „Сите наши тела“ е нова книга од Георги Господинов (1968), најпреведуваниот бугарски современ писател. Во превод на македонски јазик книгата ја објави издавачката куќа „Или-или“. Преведувачот од бугарски на македонски Душко Крстевски наведува дека расказите може да се наречат микрораскази – кратки и секавични, по примерот на едноминутните новели на Иштван Еркењ и […]

Бизарен проблем во Загреб: Ќе има премии, но прво играчите да си ги платат дресовите


Неверојатна причина за проблеми на „Максимир“! Управата на Динамо Загреб одбива да ги исплати договорените премии на играчите за успехот во Лигата на Европа, се додека фудбалерите не ги исплатат сите дресови кои великодушно ги раздаваа по натпреварите на навивачите, пријателите, роднините… Динамо беше фантастичен оваа сезона на теренот, а оствари и историско презимување во […]

Ципрас: Мојата посета во Скопје е од историско значење


Ако мојата влада се плашеше од политичката цена, не ќе можеше ниту да ја извади земјата од кризата и економските програми, ниту да најде решение за осигурителниот систем, ниту да се справи со бегалската криза, ниту да го реши името, ниту да го промовира неопходниот дијалог со Турција и покрај големите тешкотии, ниту да ги […]

Партијата на Ердоган прогласи победа на локалните избори во Турција, ќе ги оспорува резултатите во Анкара


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган синоќа во Анкара изјави дека владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) е победник на локалните избори во земјата, јави агенцијата Анадолија. – Нашиот народ по 15-ти пат нѐ направи победници на изборите во Турција, рече Ердоган во традиционалното постизборно обраќање од балконот на зградата на АКП во Анкара. Тој […]

Во авионска несреќа во Германија, загина Наталија Филева, една од најбогатите Русинки


Една од најбогатите Русинки, Наталија Филева, сосопственик на авиокомпанијата „Ѕ7“, загина во авионска несреќа во Германија. Филева (55) летала со мал авион „епик LT“ со шест седишта кој се урнал и запалил во неделата попладне додека се приближувал кон мал аеродром на 10 километри од Франкфурт. Загинаа три лица, а германските власти ја истражуваат причината […]

Жичарницата на Водно од денеска работи до 18 часот


Жичарницата „Милениумски крст“ од денеска ќе работи до 18 часот, согласно утврдениот возен ред. Работното време ќе биде од 10 до 18 часот, при што последното возење од долу нагоре е во 17.30 часот, односно во 17.45 часот од горе – надолу. Жичарницата на Средно Водно работи секој ден, освен во понеделник и секој последен […]

Македонските граѓани преку интернет потрошиле 133,7 милиони евра


Македонските граѓани лани потрошиле 133,7 милиони евра онлајн и што е за 23,8 милиони евра или 17,8 отсто повеќе во однос на претходната година.  Повеќе се купувало од странски веб страни, но забележано е купување и на производи од домашни е-продавници од надвор. Анализата на Македонската асоцијација за е-трговија покажува дека граѓаните во текот на […]

Објавен Конкурсот за упис во средните училишта во 2019/2020


Министерството за образование и наука викендов го објави Конкурсот за запишување ученици во средното образование во учебната 2019/2020 година за гимназиско, стручно, уметничко образование и средно образование за ученици со посебни образовни потреби.   Првото пријавување и запишување на учениците ќе биде на 17 и 18 јуни 2019 година, а ранг-листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе […]

Џафероски: Пироманството мора да се изедначи со тероризам


Со над 500 пожари во март, авионите на Дирекцијата за заштита и спасување многу често се гледаат на македонското небо. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џафероски, вели дека пожарите се подметнуваат смислено, за да се добие дрво за огрев, како и поради палење стрништа и сува трева. Бара ригорозни казни за потпалувачите, […]

„Танц фест 2019“ со мото: „Идентитети што не смеат да се пропуштат!“


Јубилејниот „ Танц Фест“ ќе се одвива на повеќе сцени во Скопје. Свеченото отворање е на 4 април во 20 часот. Ќе биде доделена наградата „Менада“  за врвни остварувања во областа на танцот, а фестивалот ќе се отвори со претставата насловена „Идентитети“ на Скопје танцовиот театар. Во програмата понатаму следи Интернационалниот натпревар за млади кореографи, […]

Заврши Моден викенд-Скопје: Лежерно за крај


Лежерен беше крајот на Модниот викенд во Скопје, синоќа, по три дена ревии, дружење, озборување и дотерување во нов и уникатен простор – Европскиот универзитет (ЕУРМ). Авангардни и романтични креации, долги тоалети, високи потпетици и облак од парфеми освен на пистата имаше и во публиката, а убавата глетка траеше доцна вечерта кога по завршувањето на […]

Димитров во Вашингтон на состанок на министрите за надворешни работи на земјите од НАТО


Шефот на дипломатијата Никола Димитров на 3 и 4 април ќе учествува на состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО, што ќе се одржи во Вашингтон. Ова е прв состанок на министерско ниво за надворешни работи на кој што, претставена преку министерот Димитров, нашата држава активно ќе учествува во својство на поканета […]

Владата ќе расправа за модернизацијата на „Ќафасан“ и ТЕЦ Битола


Владата на Република Северна Македонија денеска ќе одржи редовна седница на која ќе се расправа за повеќе предлог информации од областа на финансиите, економијата, земјоделството, здравството… На 128 седница, на предлог на Министерство за финансии ќе бидат разгледани информациите за реализација на проектот „Надградба на објектите за царинење и инспекциски органи на граничниот премин Ќафасан“ […]

Моден викенд- Скопје: Зошто славните дизајнери ги нема во публика?


Не се поканети? Не се тука? Немаат време? Не си ги почитуваат колегите? Зошто познатите македонски дизајнери ги нема во публика на модните викенди во Скопје? Од сезона во сезона расте бројот на млади дизајнери-учесници на модниот настан, а опаѓа бројот на ревиите со звучни имиња. На времето познатите креатори избираа млади талентирани дизајнери, а […]

Скопје – Будимпешта – Виена: Дали Мицкоски го одминал Груевски?


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ деновиве патувал за Виена, преку Будимпешта, но не се сретнал со својот претходник на лидерската позиција во партијата, Никола Груевски, кој бегајќи од правдата во Македонија доби азил во Унгарија. По пат, како што тврдат од ВМРО-ДПМНЕ, бил следен од возило „бентли“, сопственост на братучед на премиерот Зоран Заев. Со вакви информации […]

Убаво е да си жена на Модниот викенд: Пролетно будење на сетилата


Пролетта пристигна на Модниот викенд во Скопје. И на писта и во публика. На радост на посилниот пол, за завист кај понежниот пол. Женските атрибути беа откриени максимално, формата на женското тело и пропорциите беа истакнати до милиметар. Жената како вечна инспирација на ревиите беше ту женствена, ту разиграна, ту авангардна. Креациите на етаблираните дизајнери […]

Што е вистина?


ЗВОНКО ДАВИДОВИЌ Убавината е во окото на набљудувачот, гласи една стара поговорка. Многупати сум слушнал како некој едноставно ја објаснува убавината на оној кого го сака велејќи – да можеш да ја видиш (или да го видиш) со моите очи, би знаел зошто го сакам. Сфатив дека и вистината е во окото и главата на […]