Сведоштва на измамени: Ни денар не зедовме од „Допир“


Деца болни од церебрална парализа и Даунов синдром, кои се надевале дека ќе им помогне фондацијата „Допир“, чиј основач е Миле Шулевски, односно ќе собере пари за да заминат и да се излекуваат во странство, останале без ниту еден денар помош од фондацијата и добиле само загубено скапоцено време. Според сведоштвата на дел од измамените […]

Намален бројот на затвореници – смртноста во затворите највисока во Европа


Според извештајот за годишната  кривична статистика на Советот на Европа за 2018 година, објавен денеска, Северна Македонија го следи европскиот тренд за намалување на вкупната стапка на затворени. Додека на ниво на цела Европа стапката се намали за 6,6 отсто во периодот меѓу 2016 и 2018 година, поминувајќи од 109,7 на 102,5 затвореници на 100.000 […]

(Во живо) Ципрас пристигна на скопскиот аеродром


Грчкиот премиер Алексис Ципрас изутринава пристигна на Аеродромот Скопје од каде ќе се упати кон Владата каде што ќе биде пречекан со државни и воени почести. Официјалната посета на Северна Македонија, прва на некој грчки премиер, Ципрас ќе ја почне со средба со неговиот домаќин премиерот Зоран Заев. По тет-а-тет разговорите Заев – Ципрас и меѓувладиниот […]

Parashikimi i horoskopit për sot, e martë 2 Prill 2019


Dashi Prania e Hënës në shenjën tuaj, favorizon intensitetin në çift. Ekuilibri i fituar ndikon pozitivisht në qetësinë tuaj të brendshme. Nëse jeni vetëm dhe po mendoni gjithnjë e më shumë lidhur me një person të cilin e konsideroni të paarritshëm, mund të mos jetë kështu. Puna do të jetë në plan të parë dhe […]

Најголемите хитови на Бисера Велетанлиќ на нов компакт диск


Двете најголеми дискографски куќи во регионот – Југотон Кроација Рекордс и ПГП РТС објавија компакт-диск на легендарната Бисера Велетанлиќ, на кое се наоѓаат 20 нејзини песни од богата музичка кариера. Меѓу најголемите бисери на Бисера е и макфестовската “Да си мерак песна”, која познатата пејачка ја отпеа на фестивалот во Штип 1988 година. Освен незаборавните […]

Мик Џегер ќе го оперира срцето


САД– Фронтменот на легендарната рок група „Ролингстонс“ Мик Џегер оваа недела ќе оди на операција на срцевиот залисток.Џегер ќе биде опериран во Њујорк. Бендот во саботата соопшти дека ќе ја одложи турнејата по САД и Канада. Се очекува Џегер (75) да се врати на бината до лето. Северноамериканската тура на рок-легендите беше закажана од 20 […]

Посебен сообраќаен режим поради посетата на Ципрас


Поради  посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска од 9.30 до 20 часот ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во поширокото централно подрачје на Град Скопје. Министерството за внатрешни работи во соопштение апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат насоките од полициските службеници и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.

Сончево, со мала до умерена облачност


Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на места облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, кој во југоисточните делови повремено ќе засилува. Утринската температура ќе се движи од минус два до пет, а дневната од 13 до 23 […]

 „Ауди“ или „шкода“, прашање на интегритет во македонската политика


АНА ПАВЛОВСКА-ДАНЕВА Во светот, борбата против корупцијата во јавниот сектор, првенствено кај политичарите, не се сведува само на гонење на криминалот во нивните редови, туку сè поголемо значење му се дава на личниот и професионалниот интегритет на политичарот. Нешто што многу ѝ недостига (со чест на исклучоците) на Република Северна Македонија, а исто толку ѝ […]

Заев: Очекуваме огромна економска корист од Преспанскиот договор


Северна Македонија ќе има огромна економска корист од Договорот од Преспа потпишан со Грција, оценува во интервју за Франс прес, премиерот Зоран Заев. Во пресрет на денешната официјална посета на неговиот грчки колега Алексис Ципрас на Скопје, Заев вели дека со него доаѓаат и многу грчки бизнисмени заинтересирани за инвестирање во земјава. -Доаѓаат претставници на […]

Комеморација за актерката Мушереф Лозана


Денес напладне, во театар Комедија, ќе се одржи комеморација за актерката Мушереф Лозана, во организација на Турскиот и Албанскиот театар. Доајенката на Театарот на народностите во Скопје, каде што работеше во текот на целиот свој професионален живот, од 1955 до 1991 година, кога замина во пензија, почина во петокот, на осумдесет и петгодишна возраст (18.8.1933-29.3.2019). […]

„Кармина Бурана“ во МОБ


Најпопуларната сценска кантата „Кармина Бурана“ од германскиот композитор Карл Орф вечер од 20 часот е повторно на сцената на Македонската опера и балет. Режисер е Дејан Прошев, кореограф Кан Арслан од Турција, диригент Бисера Чадловска. Кантатата се заснова на 23 песни од збирка средновековни текстови и песни „Кармина Бурана“, пронајдена во манастир во јужна Германија. Дел […]

Уште една жена го обвини Џо Бајден за непримерно однесување


САД – Ејми Лапос (43) го обвини поранешниот потпретседател на САД Џо Бајден за непримерно однесување, откако вчера истото го стори уште една жена. Лапос тврди дека Бајден го допирал нејзиното лице со двете раце и го триел носот од нејзиниот нос пред 10 години, јави Би-Би-Си. Лапос, која е поранешна помошничка на Бајден вели дека […]

За купување цигари во Њујорк зголемена границата на 21-годишна возраст


САД – Њујоршкиот Сенат, кој е под контрола на демократите, усвои правилник сличен на тој што го имаат уште седум американски држави, а според кој се зголемува границата за купување цигари и електронски цигари од 18 на 21 година. Откако пратениците ќе го потпишат правилникот, оваа одредба ќе стапи на сила во рок од 120 дена. […]

Осуммина пријавени за пироманство, а само во март 500 пожари


Три хеликоптери на Армијата се вклучија вчера во гаснењето на пожарот во Крушевскиот Регион што се доближи и до манастирот „Свети Спас“ кај селото Трстеник. Во акцијата со дополнителни сили и средства се вклучија и Територијалната противпожарна единица и Дирекцијата за заштита и спасување. Огнената стихија ги голта шумата и природните ресурси. Засега не се […]

Продолжува судењето за убиството на Саздовски


Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето на Бесир Беља и Скендер Демири, обвинети за убиство на дваесетгодишниот Никола Саздовски. Случајот го води судијката Даниела Алексовска-Стојановска. На 7 февруари беше извршна реконструкција на убиството на Саздовски во присуство на сведоците и вештите лица на автобуската постројка во Автокоманда. Според обвинителниот акт, Беља и Демири […]

Нови рочишта за „Талир“, „Тортура“ и „Тарифа“ на СЈО


Во Кривичниот суд во Скопје денеска се закажани нови рочишта за „Талир“, „Тортура“ и „Тарифа“ на Специјалното јавно обвинителство. Во случајот „Талир“ обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само […]

Ципрас доаѓа без вратоврска, без предрасуди и со многу елан


Алексис Ципрас ќе слета денеска на аеродромот во Скопје, со што во досегашната турбулентна хронологија на македонско-грчките односи ќе биде запишан како прв премиер на Грција кој допатувал во официјална посета на земјава. Неговата посета значи остварување на она што се чинеше малку веројатно во првите години од независноста, а што стана невозможно во 2006 […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Зад вас се луѓе што може да имаат погрешни уверувања: интимни или професионални. Бидете многу внимателни и интуитивни во однос на животниот стил, а особено со новостечените познанства. Комплицираните ситуации ќе најдат начин да се разјаснат самите од себе, без оглед колку ќе треба да чекате. Нови договори. БИК: Месечината во Риби ви носи […]

(ВИДЕО) Убедлив пораз на МЗТ Скопје во првиот меч од финалето на АБА-2


МЗТ Скопје вечерва во Копер доживеа убедлив пораз со 93-71 (53-38) од Приморска во финалната плејоф серија во втората АБА лига. На тој начен словенечкиот тим поведе со 1-0 во серијата, која се игра во три добиени меча. Тимот од Аеродром одигра слабо прво полувреме, откако инкасираа цели 53 поени, а по третиот дел разликата […]