Мик Џегер ќе го оперира срцето


САД– Фронтменот на легендарната рок група „Ролингстонс“ Мик Џегер оваа недела ќе оди на операција на срцевиот залисток.Џегер ќе биде опериран во Њујорк.

Бендот во саботата соопшти дека ќе ја одложи турнејата по САД и Канада.

Се очекува Џегер (75) да се врати на бината до лето.

Северноамериканската тура на рок-легендите беше закажана од 20 април до 29 јуни. Фановите беа советувани да ги задржат своите билети, што исто така ќе важат и за новите датуми на концертите на „Ролинг Стоунс“.