Вардар по втор пат го совлада европскиот шампион Монпеље


Ракометарите на Вардар ја забележаа втората победа оваа сезона над бранителот на трофејот во Лигата на шампионите, тимот на Монпеље. Вечерва во СЦ „Јане Сандански“ вардарци силно го отворија мечот и многу рано направија осетна предност од 7:1. Во првото полувреме домаќините во пет наврати имаа седум голови предност за на одмор да се отиде […]

Ангела Меркел ги поддржа протестите против глобалното затоплување


Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ги пофали учениците и студентите кои протестираат против климатските промени. – Силно ги поддржувам учениците кои излегуваат на улица за заштита на климата и се борат за тоа што го сметаат за исправно. Мислам дека тоа е една добра иницијатива, наведе Меркел во редовната неделна видео-порака. Таа во исто време […]

Филип Фидановски нов претседател на ДЛУМ


Ликовниот уметник Филип Фидановски е избран за нов претседател на Друштвото на ликовни уметници на Македонија на денеска одржаното Собрание. Фидановски е роден во Скопје 1977 година. Дипломира во 2002 година на одделот за ќерамика и магистрира во 2006 година на Националната уметничка академија во Софија. Учествува на 43 групни изложби во Македонија, Србија, Бугарија, […]

Лансиран првиот комерцијален вселенски брод „Кру Драгон“


Компанијата „СпејсИкс“ денеска од космодромот на Р’тот Канаверал го лансираше „Кру Драгон“, првиот вселенски брод управуван од пилоти. Ракетата носач на вселенскиот брод, „Фалкон-9“, беше стартувана во раните утрински часови по источно-американско време и „СпејсИкс“ вршеше директен пренос на ЈуТјуб. Одделувањето на првиот степен на ракетата помина успешно и „Фалкон-9“ го изнесе вселенскиот брод на […]

Кустурица сними филм за уругвајскиот претседател: Таков човек не се раѓа на Балканот


Познатиот режисер Емир Кустурица сними филм за најскромниот претседател во светот, претседателот на Уругвај, Хозе Мухика. Документарниот филм ќе биде вечерва премиерно прикажан на 47. издание на ФЕСТ во Белград. Со наслов „Пепе, еден возвишен живот“, документарецот раскажува за најсиромашниот претседател во светот и како тој успеа да ја раздвижи економијата на Уругвај. На пресконференцијата […]

Интензивни градежни активности на железничката линија Куманово-Бељковце


Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на МЖ Инфраструктура Ирфан Асани, денеска извршија увид во околината на Шупљи Камен каде се изведуваат градежни активности од првата фаза од железницата од Македонија кон Бугарија, на железничката линија Куманово – Бељаковце. За година и половина, изградбата на […]

Притвор за уште две лица за убиството во струшко


Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Струга донесе наредба за спроведување истражна постапка за уште две лица поради постоење основано сомневање дека сториле кривично дело Убиство, а еден од осомничените и за кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од Кривичниот законик. Од Основното јавно обвинителство информираат дека […]

Царовска: Обезбедуваме поквалитетен живот за лицата со ретки болести


Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска беше дел од креативната работилница за деца, организирана по повод Светскиот ден на ретките болести. -Со ретка болест може да се соочи кое било семејство. Она што ние како Влада се стремиме да го направиме за нашите граѓани е да изградиме системска поддршка, со која нема да […]

Почина рускиот нобеловец Жорес Алферов


Рускиот физичар и добитник на Нобелова награда, Жорес Алферов почина денеска на 89-годишна возраст. Алферов прв ја откри технологијата, која подоцна овозможи создавање на ласерски плеери и дискови, мобилни телефони, соларни батерии и ласерски „скалпели“. Заслужен е за откривање на оптичките влакна, без кои е невозможен интернетот, но и многу други вселенски технологии. Поради своите […]

Скопската населба Влае доби нов парк за миленици


Скопската населба Влае 2 доби нов парк за миленици. Во новоотворениот парк се одржа и маалска дружба, каде што голем број карпошани дојдоа со своите миленици и го искористија саботното попладне за рекреација, разговор и дружба. На средбата присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев кој ја истакна намерата на локалната самоуправа да продолжи […]

ГАЛЕРИЈА: Ветер во крила на Стенковец


Деца и родители, вљубеници во летала и луѓе кои прв пат доаѓаат на спортскиот аеродром Стенковец крај Скопје, неколку часа се дружеа со пилоти, параглајдеристи, падобранци и воздухопловци кои им кажуваа за убавините на летањето и скокањето со падобран. Ветерот не беше пречка за голема посетеност и многумина ја искористија можноста од блиску да ги […]

СВР Куманово: Лажна вест е дека имало обид за киднапирање на дете


Кумановската полиција ги демантира информациите за грабнување на дете во централното градско подрачје во Куманово, кои се шират по социјалните мрежи и апелираше до граѓаните да не наседнуваат на вакви лажни вести. Вчера, информацијата за обид за киднапирање на дете се појави во група на социјалната мрежа на Фејсбук. –Секторот за Внатрешни работи Куманово најостро […]

Уапсен најбараниот платен убиец од регионов: Му нашле оружје, фалц документи и перики


Триесет и осумгодишниот Чаба Дер, кој се смета за еден од најопасните платени убијци од регионов е уапсен во Прага. Тој беше осомничен дека на 5 јануари годинава на Баново брдо го убил Небојша Марковиќ. „На основа на меѓународна потерница вчера во Прага е уапсен Д.Ч., кој е осомничен дека на 5 јануари оваа година […]

Пендаровски: Чест е да бидеш поддржан од сите етнички заедници


Исклучителна е честа да бидеш поддржан од претставници на сите етнички заедници, од 31 политичка партија, но, и од многу граѓани кои воопшто не се членови на политички партии, напиша Стево Пендаровски на својот фејсбук профил откако вчера доби поддршка да биде заеднички претседателски кандидат на коалицијата предводена од СДСМ и владината коалиција. Посебна благодарност […]

Повеќе од 50 лица се исчезнати по експлозија на гасовод во Нигерија


При експлозија на гасовод во јужниот дел на Нигерија над 50 луѓе се водат како исчезнати, соопштија локалните власти. Гасоводот е сопственост на комапаниите „Агип“, „Оандо“ и „Шел“. Се уште не е познато дали поради експлозијата е запрен текот на гасоводот.

Сугарески ветува: Државниот градежен инпекторат ќе го испита случајот Матка


Доколку овластениот градежен инспектор од општина Сарај не постапил во случајот со Матка, тогаш градежен инспектор од Државниот градежен инспекторат на Република Северна Македонија ќе изврши увид во работата на овластениот градежен инспектор од општината и ќе го информира Министерството за транспорт и врски, изјави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески во Шупли […]

Секунда


Лејла Сабит Животот во една секунда, или секунда која значи живот. Некогаш во една секунда го гледате целиот живот, а некогаш за секунда ви се менува животот. На подобро или полошо, очекувано или неочекувано, од ваше или невнимание на другите, зашто ѓаволот ве тера или ангелот ве спасува, заради игра на судбината или виша сила, […]

Се зголемуваат пријавите за семејното насилство, но ретко се стигнува на суд


Во Прилеп се зголемува бројот на пријавување на случаите на семејното насилство. За два месеца во прилепскиот Центар за социјални работи се пријавени од полицијата, 51 жртва на семејното насилство, констатираат од Центарот за социјални работи. Според Јасминка Митреска, социјален работник која ги води случаите на семејно насилство ова значи дека жртвите се охрабруваат да […]

Дачиќ: Честитам за решениот спор со името


Имавте спор со Скопје за името, а не за територија, што е многу полесно, изјави српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ на почетокот на својот говор на економскиот форум во Делфи, честитајќи го договорот меѓу Северна Македонија и Грција. – Јас, како премиер и министер за надворешни работи на Република Србија ја предупредив ЕУ дека […]

Протест на хрватските новинари: „Ни ги украдовте медиумите, новинарството не го даваме“


Хрватските новинари протестираа денес во Загреб и од хрватската влада побараа да не се однесува неодговорно и да не учествува во уништувањето на новинарската професија. Протестот насловен „Ни ги украдовте медиумите, новинарството не го даваме“ го организираше Хрватското здружение на новинари (ХЗН). Според проценките, на протестот се собраа повеќе стотини новинари и луѓе кои дојдоа […]