На пауза за кафе, сменето местото на претставник од МО во НАТО


Еден вработен во Министерството за одбрана кој мината недела бил на технички состанок во НАТО бил преместен на друго место на состанокот, додека траела паузата за кафе, откри денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Таа во интервју за МИА вели дека било интересно минатата недела кога еден колега, еден од вработените во Министерството за одбрана […]

Турски компании заинтересирани за инвестиции во енергетиката и градежништвото


Претставници на турски компании, членки на Деловниот совет Турција – Северна Македонија при Бордот за надворешно економски односи, денеска, на средба со премиерот Зоран Заев и економските министри, се интересирале за условите за работа и поддршката од државата за нови инвестиции во енергетскиот сектор и градежништвото. Од владината прес-служба соопштија дека вицепремиерот за економски прашања […]

Политичкиот врв не се обедини ниту под јарболот на НАТО


Ниту силниот ветер што вчера го исчисти воздухот во Скопје не ја помати свечената атмосфера пред владината зграда за време на церемонијата на кревање на знамето на НАТО, на која присуствуваа речиси сите актуелни и многумина поранешни политичари кои, низ годините помалку или повеќе, придонесуваа за процесот на евроатлантското интегрирање на земјата. Но настанот ќе […]

Хајди Клум трудна по петти пат


Поранешната германска манекенка и супермодел Хајди Клум (45), која на Бадник се вери со 17-години помладиот музичар Том Каулиц, наводно сега е бремена. Ако се потврдат гласините, на Хајди ова ќе и биде петто дете, но прво со Каулиц. За доаѓањето на приновата му се испушти на германскиот дизајнер Волфганг Јоп, кој со Клум е […]

Државната нафтена компанија на Венецуела префрлала пари на бугарски сметки


Од американските партнери, како по дипломатски, така и по оперативен пат, имаме информации за трансфери на пари од Венецуела, особено од страна на Државната нафтена компанија (ПДВСА), за што се користени бугарски банкарски сметки, изјави главниот обвинител Сотир Цацаров, пренесе агенцијата БГНЕС. По детална анализа на информациите, утврдена е банката, лицето кое е носител на тие […]

АХВ: Нема присуство на пестициди во увезените мандарини од Турција


Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вршат континуирани контроли и на пратките со цитрусно овошје кои се увезуваат во земјава и досега немаме добиено нотификација дека на пазарот се пласирани небезбедни мандарини, вклучително и мандарини кои се увезуваат од Република Турција, информираат од АХВ. Во рамки на контролите при увоз и на […]

Пендаровски: Сите ќе видат дека нема зошто да се плашат од Договорот од Преспа


Се надевам и сметам дека со поминувањето на времето сите луѓе ќе видат дека нема од што да се плашат и ќе се зголемува бројот на оние кои се за договорот, вели националниот координатор за подготовка за членство во НАТО, Стево Пендаровски во интервјуто за грчката новинска агенција АНА-МПА во однос на реакциите за промената […]

Син на пратеничка станал инспектор, иако е фармацевтски техничар


Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија уште еден пример на непотизам во СДСМ. Синот на пратеничката од Радовиш, Милева Ѓорѓиева станал инспектор за јавна безбедност во МВР без огласување на јавен оглас. „Патем мора да потенцираме дека синот Стојче е пријавен на оваа работна позиција со средна стручна спрема: фармацевтски техничар. Фармацевтски техничар како инспектор за јавна безбедност. […]

Возачите кои не добија налепници при регистрација не треба да стравуваат од казни


Возачите од Куманово, изминатите денови реагираа дека не добиваа налепници при регистрација на нивните возила. Тие стравуваат дека сообраќајната полиција ќе ги казнува поради немање налепници. Од МВР уверуваат дека возачите кои не добија налепници при регистрација на возилата овој период, не треба да стравуваат од казни, бидејќи полициските службеници ќе вршат увид во сообраќајната […]

Во Агенцијата за „двојазичност“ ќе има вработувања, ако има реална потреба


Во Агенцијата која ќе биде задолжена за спроведување на Законот за јазиците ќе има вработувања, доколку има реална потреба за тоа. Првично, ќе се користат внатрешните ресурси што ги има Владата во рамки на постојните институции. – Првично во Агенцијата за спроведување на Законот за јазиците ќе се користат внатрешните ресурси кои ги има Владата […]

Пробниот попис чука на врата – власта тактизира


Освен за првиот круг од претседателски избори, Македонија полека почнува да се подготвува и за пробниот попис на населението, домаќинствата и становите кој, според најавите, треба да се одржи исто така во април годинава. Пробен попис ќе има во 16 града и 16 села, а до 27 месецов треба да се најде фирмата што ќе […]

KSHPK: Nuk ka konflikt interesash në përzgjedhjen e Bajramit si anëtar i Komisionit


Nuk ka përplasje të interesit në përzgjedhjen e Nuri Bajramit si anëtar i Komisionit Shtetëror për Parandalimin e Korrupsionit, i cili është baxhanaku i kryetarit të Kuvendit, Talat Xhaferi, vendosi Komisioni në seancën e sotme. Sipas kryetares së komisionit të antikorruosionit, Biljana Ivanovska, sipas nenit 8, paragrafi 4 nga Ligji për pengimi e konfliktit të […]

Hahn: Prespa Agreement is an opportunity to strengthen neighborly relations and political and economic cooperation


The Prespa Agreement is an “example of reconciliation and an opportunity to strengthen good neighbourly relations,” says EU Enlargement Commissioner Johannes Hahn in his recent answer to a question raised by SYRIZA Eurogroup head and European Parliament Vice President Dimitris Papadimoulis, ANA-MPA reports. The question was filed in autumn 2018, when the ratification of the […]

Бошњаковски: Ако се утврди протекционизам при вработувањата, ќе се реагира


Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска изјави дека откако ќе биде направена анализата околу актуелните вработувања на лица блиски на функционери и пратеници, доколку се покаже дека има форми на протекционизам, тогаш ќе се реагира. – Процесот е почнат и ние сакаме да заврши што побрзо, за да ја информираме јавноста. Премиерот беше прилично јасен – […]

Заев со ветување до филмаџиите: Ќе ги зголемиме буџетските средства за филмот


Премиерот Зоран Заев се сретна со претставници на филмските проекти „Господ постои, името ѝ е Петрунија“, „Медена земја“ и „Исцелител“. Тој им честиташе на филмските работници за огромните успеси на светско ниво, за светската премиера на филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на 10. февруари, во официјална конкуренција на престижниот Берлински филмски фестивал, за […]

Мета: Посакувам преговорите за членство на Албанија во ЕУ да почнат заедно со Македонија


Албанскиот претседател Илир Мета во интервју за „АЛБ УК ТВ“ изјави дека посакува почетокот на преговорите за членство во Европската унија на Албанија да биде заедно со Македонија. – Во текот на оваа година многу посакувам да почнат преговорите за членство во Европската унија. Тоа би било позитивно постигнување за Албанија и тоа да можеме […]

Средба Шекеринска – Столтенберг во Брисел: Голем ден за нас


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, денеска во Брисел, пред официјалниот министерски состанок на НАТО на ниво на министри за одбрана, се сретна со генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, при што изрази благодарност до генералниот секретар Столтенберг за искрената поддршка и личното залагање во процесот на пристапување на нашата земја во НАТО. „Чест ми е […]

Сами ќе си платиме за нови пасоши и за регистрации


Замената на патните документи и регистарските таблички со новото име на државата ќе бидат на товар на граѓаните. Новите регистарски таблички се очекуваат да бидат издадени кон средината на мај, а патните документи кон крајот на годината. Владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција во медија центарот каде беше поставено новото име на државата рече […]

Interi ia mori shiritin e kapitenit Ikardit


Lojtari i Interit, Mauro Ikardi më nuk do të jetë kapiten i ekipit. Pres shërbimi i klubit njoftoi se portieri Samir Handanoviq është emëruar për kapiten të ri. Arsyet për këtë vendim nuk janë kumtuar. Si përkujtim, sulmuesi nuk u pajtua me kontratën e re me Interin. Ikardi kërkon 7,5 milionë euro në vit, pa […]

Синот на Стојчевска ќе има плата од 600 евра


Речиси 600 евра ќе изнесува платата на синот на пратеничката Мира Стојчевска од СДСМ, кој од понеделникот почна да работи во државниот ЕЛЕМ. Од таму вчера ни одговорија дека Виктор Стојчевски бил вработен на работното место инженер за примена на нови технологии во Сектор за развој и инвестиции. „Платата на работното место е објавена во огласот […]