Продолжува судењето за смртта на малата Тамара


Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за дванаесеттемина обвинети во предметот за смртта на малата Тамара Димовска од Велес. На минатото рочиште откако беше прочитано обвинението, обвинетите се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. За овој предмет, според соопштението од ОЈО Скопје, обвинети се членовите на Првостепената и на Второстепената комисија, кои го донеле […]

Судот во Стразбур наложи Русија да исплати отштета на девојките од „Пуси Рајот“


Франција– Европскиот суд за човекови права (ЕЦХР) соопшти дека не дозволи разгледување на жалбата на Русија и ја задолжи да исплати отштета во вредност од 37.000 евра на членките на панк групата „Пуси рајот“. Претходно, оваа година, рускиот суд пресуди трите пејачки од бендот да бидат затворени поради јавен протест во 2012 година во познатата […]

(Фото) Прием кај Елизабета Втора: Кралски, за дипломатите


Англија– Дипломатите и амбасадорите во Англија вчера беа на традиционален прием во Бакингемската палата. Домаќин беше кралицата Елизабета Втора, која заедно со Камила, војвотката од Корнвол и Кејт, војвотката од Кембриџ ги дочекуваше високите гости. Трите дами беа дотерани кралски. Кејт ја избра тијарата „Лавер-Нот“, омилена на принцезата Дајана и омилениот жолт орден од кралицата […]

Нови рочишта за „Титаник“ и „Тврдина 2“


Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржат рочишта за предметите „Тврдина 2“ и „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство. Во случајот „Тврдина 2“, првообвинет е екс-началникот на Петтата управа, Горан Грујовски, и шест вработени во УБК. На обвинетите им се суди за фалсификување службена исправа и за уништување службена документација поврзано со незаконското прислушување. […]

Последните сведочења скарани со помирувањето


Додека во Кривичниот суд вчера течеше ново рочиште за 27 април минатата година, претседателот на Собранието, Талат Џафери, беше во Јавното обвинителство за да даде исказ околу неговиот избор за спикер – една од потешките политички операции во последните две години што се изведе додека насилници влегуваа во собраниската зграда. Триесетина од учесниците во крвавиот […]

Македонија и Западниот Балкан на денешната агенда на НАТО


Белгија- На дневниот ред на вториот ден од состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, денеска Алијансата ќе одржи брифинг за Западниот Балкан. На министрите ќе и се придружи високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини. Тема на разговорите, меѓу другото, ќе биде напредокот на Македонија кон членството во НАТО, […]

Стефан и Михаил Младеновски: Кои се браќата што открија детали за упадот во Собрание?


Браќата Стефан и Михаил Младеновски се првите обвинети за случајот „27 април“, кои пред јавноста и судот обелоденија детали за тоа кој го организирал влегувањето во Собранието. Иако тие двајца маскирани влегоа во Собрание, пред судот рекоа дека ќе ја кажат нивната вистина и ќе кажат факти кои би оделе во нивна корист, но и […]

Американски сенатори: Саудискиот принц го нареди убиството на Кашоги


САД- Двајца американски сенатори изјавија дека „нема сомнеж“ дека саудискиот престолонаследник го наредил убиството на новинарот Џамал Кашоги, откако добиле информациии на состанок зад затворени врати за заклучоците на Централната разузнавачка агенција (ЦИА). Таквиот став е спротивен на на тврдењето на Трамп, кој неодамна изјави дека ЦИА „сигурно не нашла апсолутно ништо“ за поврзаноста на Мухамед […]

Божикната песна на Мараја Кери е најслушана на сите времиња


САД- Музичкиот евергин „All I Want for Christmas Is You“ од Мараја Кери е една од најпознатите божиќни песни во поновата историја, и таа досега на пејачката ѝ донесе вкупна заработка од 51 милион евра. Според списанието „Економист“, овој хит од 1994 година е најслушана празнична песна на сите времиња. На музичката платформа „Спотифај“, „All […]

Облачно, со северен ветер


Во раните утрински часови во Македонија ќе има слаби локални врнежи, а во текот на денот ќе биде променливо облачно и студено со засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест степени, а дневната температура од три до 11 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно и студено со засилен […]

ОН ќе ја засилат борбата против загадувањето со пластика


САД- ОН планираат да ја засилат борбата со причинителите на загадувањето со пластични маси, кои ги засега жителите на целата планета, изјави претседателката на Генералното собрание на Светската организација, Марија Фернанда Еспиноза. – Дури 80 проценти од пластичните маси завршуваат во океаните. Тоа се меѓу осум и 12 милиони тони, изјави Еспиноза на прес-конференција во […]

Мекалистер и Флекенштајн на средби во македонскиот Парламент


Во посета македонскиот Парламент денеска ќе бидат претседателот на Комисијата за надворешна политика во Европскиот парламент Дејвид Мекалистер и европратеникот Кнут Флекенштајн, еден од иницијаторите на „Жан Моне“ процесот. Мекалистер и Флекенштајн, како што е најаваено, ќе имаат средба со претседателот на Собранието Талат Џафери, со потпретседателите, координаторите на пратеничките групи, пратеници и генералниот секретар на […]

Рецензија: „Вдовици“


Последново остварување „Вдовици“ на еден од најбараните режисери на денешницата Стив Меквин, со Виола Дејвис, Мишел Родригез и Елизабет Дебицки, е во многу нешта необично во споредба со неговите претходни остварувања. Тука го нема неговото карактеристично интензивирање на дејствието, туку инсистира на некоја нетипична и во многу нешто неадекватна опуштеност, која резултира и со нефокусираност, па […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Многу влијателна личност се појавува во вашиот живот – доаѓате до нови перспективи. Добро е да се учествува во тимска соработка при што се доаѓа до нови вештини и знаења. Оставете малку време и за себе, особено дозволете му на јазикот да одмори. Го постигнавте она што го сакате, затоа уживајте малку. БИК: Спокојни и упорни, […]

Притвор за поранешниот директор на УБК за упадот во Собрание


Судија на претходна постапка му одреди притвор од 30 дена на поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски кој беше уапсен на барање на обвинителката Вилма Русковска. Доцна вечерва тој беше спроведен во затворот во Шутка. Обвинителката побара притвор за Атанасовски откако тројца обвинети за упадот во Собрание обелоденија дека токму тој заедно со други вработени […]

По сведочењата во суд за 27 април, приведен поранешниот директор на УБК


Приведен е поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Владимир Атанасовски, потврдуваат за Независен весник извори во Обвинителството. Обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција , Вилма Русковска која го води случајот за упадот во Собрание, побарала притвор за Атанасовски по сведочењата на тројца обвинети за крвавиот четврток. Браќата Стефан и Михаил Младеновски […]

Перез: Нема сомнеж дека Модриќ е најдобар


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез верува дека никој не го поставува прашањето дали Лука Модриќ е најдобриот фудбалер за 2018 година. Хрватот ја прекина десетгодишната доминација на Кристијано Роналдо и Лионел Меси за „Златната топка“. Модриќ, исто така, ги освои и наградите на УЕФА и ФИФА. – Модриќ имаше феноменална година, а неговите награди […]

Почина дете во градинка во Србија


Девојче на 12,5 месеци почина на Одделението за интензивна нега на Педијатриската клиника во Белград, откако вчера заспало во градинка во местото Врчин, а потоа негователката и мајката не можеле да го разбудат. Кога мајката отишла по детето во градинка, вчера околу 12 часот, тоа било со помодрени усни. Не можеле да го разбудат. Мајката […]

Столтенберг не ги коментира изјавите на Заев


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, одговарајќи на новинарско прашање не ги коментираше изјавите на премиерот Зоран Заев за македонскиот јазик и Македонците во Грција. Столтенберг не сакаше да влегува во детали за изјавата на алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, дека разговарале за овие изјави на Заев ниту дали тие се […]

Палмер: Македонија 30-та земја членка на НАТО до 2020


Американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Метју Палмер денеска во Сараево изјави дека Македонија би можела да се приклучи на НАТО до средината на 2020 година доколку го спроведе Преспанскиот договор и со тоа го реши повеќедеценискиот спор со Грција. Според него, Македонија би можела да стане 30-та членка на НАТО „најрано […]