Рот: Добро е што Унгарија ги отвори вратите за белгалците


Германскиот министер Михаел Рот го искоментира бегството на екс премиерот Никола Груевски во Унгарија и барањето азил таму. „Унгарија ги отвори своите врати за бегалци. Неверојатно…“, напиша Рот на Твитер споделувајќи вест за барањето азил, шегувајќи се со политиката на унгарскиот премиер Виктор Орбан кој не сака да се приклучи на политиката за миграција на […]

Могерини очекува Приштина да ги укине дополнителните царини за увоз на стоки од Србија и Босна и Херцеговина


Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини денеска изјави дека очекува властите во Приштина да ги укинат воведените дополнителни царини од 10 отсто за увоз на стоки од Србија и Босна и Херцеговина. На заедничката прес-конференција со албаснкиот министер за надворешни работи Дитмар Бушати во Брисел, одржана по завршувањето на соостанокот […]

Берлин би можел да забрани учество на Кинези во изградбата на германската 5Г мрежа


 Влијателни личности во Германија се обидуваат да ја убедат Владата во Берлин да не дозволи кинески компании, како „Хуавеи“, да ја градат инфраструктурата за мрежи од петтата генерација (5Г), поради загриженоста за националната безбедност. Загриженоста е поттикната од ризиците при работа на кинески добавувачи на телекомомуникациката опрема. Од истите причини, „Хуавеи“ веќе загуби можност да […]

Унгарската опозиција бара Груевски да биде упасен и екстрадиран


Унгарските опозициски партии ја повикаа Владата на Унгарија да го уапси и брзо да го екстрадира поранешниот премиер Никола Груевски, кој побара азил во земјата. Унгарската националистичка партија „Јобик“, како и левичарските партии „Дијалог“ и Демократската коалција, денеска соопштија дека на Груевски треба да му биде одбиено барањето за азил и да биде екстрадиран во […]

Ципрас предлага претседателот на Грција да се избира на непосредни избори


Грчкиот премиер Алексис Ципрас предложи измена на Уставот на земјата, со цел народот да може да го избира претседателот на државата. Ципрас денеска во Парламентот ги претстави предлозите на Сириза за имени во Уставот. Според премиерот, „перспективата за непосредно избирање на претседателот на републиката од страна на народот ќе му даде специјална власт”, но тоа […]

Протест пред Владата под мотото “Нема правда нема мир”


Во моментов пред Владата се одржува протест под мотото “Нема правда нема мир”, јавува „Алсат М“. Насобраните реагираат заради бегството на осудениот екс-премиер Никола Груевски во Унгарија и бараат во протестот да се приклучат и владини претставници кои под истото мото протестираа пред падот на власта на Груевски. Присутните побараат и итна оставка на министерот […]

Димитров: Груевски успеа да ја претвори Македонија во заробена држава


Никола Груевски е тој кој што успеа да ја претвори Република Македонија во заробена држава за време на неговото владеење, како што беше посочено и во извештајот на Европската комисија од 2016 година, вели во пишана изјава министерот за надворешни работи Никола Димитров. – Сите ние овде, но исто така и во Европа, ги слушнавме […]

(ВИДЕО) „Гардијан“: Хрватската полиција брутално ги тепа мигрантите


„Гардијан“ пишува дека хрватската полиција брутално ги тепала барателите на азил кои се обидувале да ја преминат границата на Босна и Херцеговина и Хрватска. „Барателите на азил од Алжир, Сирија и Пакистан беа фатени од хрватската полиција додека се обидуваа да ја преминат границата помеѓу Босна и Хрватска. Тие тврдат дека биле брутално претепани и […]

Мицкоски: Бегството на Груевски не го оправдувам, тоа не е опција


Политичкиот прогон и терор станува основен метод на дејствување на оваа власт. Имаме киднапирана држава каде граѓаните се соочуваат со растечка сиромаштија, зголемени даноци, одземено достоинство, промена на име, идентитет. Ова се вистинските теми кои ја разголуваат неспособноста на власта која се дефокусира со други теми и прашања, како што е последните случувања врзани со […]

Владата обезбеди 98 милиони денари за борба против аерозагадувањето


Владата на Република Македонија на денешната 103-та седница донесе одлука со која обезбедува првични 98 милиони денари во борбата против аерозагадувањето, кое станува стратешки приоритет на Владата. – Донесена е одлука со која намалувањето на аерозагадувањето се утврдува како стратешки приоритет за идната година. Како првични средства за оваа намена во Буџетот за 2019 година […]

Унгарија му дозволила на Груевски да побара азил од безбедносни причини


Кабинетот на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан попладнево испрати соопштение до медиумите во кое се вели дека властите дозволиле Никола Груевски да поднесе барање за азил. Тој бил и сослушан во седиштето на Канцеларијата за миграција и азил во Будимпешта бидејќи тоа е законско прашање. „Никола Груевски поднесе барање за азил кај соодветната служба во Унгарија. Со […]

Мускат: Поддршка од Малта за евроинтеграциите


Имате поддршка од Малта најмалата членка на ЕУ да станете дел од Унијата. Вие сте само малку поголема земја од нас, но поентата е дека зачленувањето нема никаква врска со големината на земјата, туку со визијата што ја има земјата, порача премиерот на Малта Џозеф Мускат на денешната заедничка прес-конференција со неговиот македонски домаќин Зоран […]

Градот ќе им наплаќа на кафеанџиите за застаклените тераси


Нова обврска за скопските кафеанџии. Градот Скопје одлучи да не им ги урива терасите, туку да им ги наплати. Тие од идната зима ќе мора да плаќаат дополнителни 15 денари за квадратен метар јавна површина на која ќе ги постават застаклените тераси. На пример, за сто квадрати тераса, месечно трошокот ќе им биде 750 евра. […]

Ќе се преполови бројот на нови згради во Маџир Маало


Новите згради во Маџир Маало ќе се преполоват и место да се напикаат објекти за 3.000 луѓе, Деталниот урбанистички план ќе предвидува изградба на станови само за половина. Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, денеска информираше дека општината издала 21 одобрение за градба на нови згради, откако почна мораториумот во декември минатата година. Во нив не […]

Одбиени жалбите и потврден притворот за случајот „Империја“


Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 на денешната јавна седница ги одби жалбите на одбраната и ги потврди решенијата на судијата на претходна постапка за прифаќање на предлогот за определување мерка притвор во случајот од обвинителството означен како „Империја“. – Постапувајќи по жалби на одбраната изјавени против решенија на судија на претходна постапка за […]

Исцрпени средствата за субвенции за електротротинети во Скопје


Исцрпени се средствата предвидени за субвенции за купување електротротинети, информира Град Скопје. Вкупно 109 барања пристигнале денеска до 15 часот до Град Скопје, со што условот за завршување на јавниот повик е исполнет, а барања на граѓаните за субвенции за електро тротинети вработените во архивата на Град Скопје нема да ги примаат. Со јавниот повик за […]

Миграции: глобални поттици, локални трауми


  Ило Трајковски Прашањето за иселувањето од земјата станува сè погорливо. Снемува доктори и работници, снемува млади, а старите остануваат сами. Заедно со тоа земјата снемува надеж, снемува перспектива. Приказните за интеграцијата во НАТО и ЕУ не само што не влеваат нова надеж туку носат нови фрустрации. Најголемиот дел од младите, иако не само тие, […]

Една ДИК – и за референдум и за претседателски избори


Истиот состав на ДИК, кој во септември годинава го спроведе референдумот за името, напролет следната година ќе ги спроведе и шестите претседателски избори во Македонија. Пратениците до вчера доцна попладне не стигнаа да ги донесат измените во Изборниот законик со кои се предвидува продолжување на мандатот на актуелните членови на Комисијата, најдолго за две години. […]

Меј: Брегзитот значи и дека Велика Британија повторно ги контролира своите закони


Нацрт договорот за излез од ЕУ нѐдоведува значително поблиску до она за што гласаа Британците кога одлучија да ја напуштат Унијата, изјави денеска британската премиерка Тереза Меј. Таа пред пратениците рече дека договорот значи дека Британија „повторно ќе преземе контрола“ над своите закони и граници „додека во исто време ги штити работните места, безбедноста и […]

Се подигнуваат решенијата за технолошки вишок во „Еурокомпозит“


Во прилепски „Еурокомпозит“ работниците денеска почнаа да ги подигнуваат решенијата за технолошки вишок и да се пријавуваат во Бирото за вработување. Станува збор за 130 вработени кои ги исполнуваат условите за прогласување технолошки вишок. Како што објаснува претседателот на синдикатот, Роберт Богданоски, договорено е на 30-ти овој месец да почне да им се исплаќаат отпремнините […]