Ватикан ќе ги прогласи за светци папата Павле Шести и надбискупот Ромеро


Папата Франциско денеска ќе ги прогласи за светци двете „најважни и најоспорувани личности“ на Католичката црква во 20 век – папата Павле Шести и салвадорскиот надбискуп Оскар Ромеро. Павле Шести е познат по тоа што, откако стана папа во 60-тите години на минатиот век, го воведе служењето литургија на национален, наместо на латински јазик, а […]

Игра со Уставот


Александар Николоски Веќе на сите граѓани им е јасно дека договорот што Владата го потпиша со Република Грција е мртов и политички и правно. Судбината на договорот ја одредија граѓаните и ја потврдија неговата ништожност на референдум. Во една парламентарна демократија изразената волја на граѓаните на референдум треба да биде неприкосновена и нивниот суд (одлука) […]

Парламентарни избори во Луксембург


Во Луксембург денеска се одржуваат парламентарни избори. Избирачките места се отворени од 8 часот до 14 часот, а резултатите се очекуваат вечерва. Анкетите покажуваат дека Христијанско-социјално народната партија најверојатно нема да успее да го освои потребното мнозинство од 60 места во парламентот, така што ќе мора да бара да коалицира со една од трите владејачки […]

Белата куќа ја разгледува листата на кандидати за претставник на САД во ОН


Белата куќа ја разгледува листата на кандидати за функцијата дипломатски претставник на САД во Обединетите нации, вклучувајќи и две искусни амбасадорки – Џејми Мекорт и Кели Најт Крафт, јави Танјуг. Високи претставници на Белата куќа велат дека претседателот Доналд Трамп преферира да избере жена за заменик на Ники Хејли и да побара некој кој е […]

Навални пуштен од притвор


Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални денеска, по 20 дена, е пуштен од притвор. Навални беше притворен под обвинение дека организирал недозволен протест во септември. Рускиот опозициски лидер беше во притвор од 24 септември, кога му истече претходното притворање од 30 дена поради планирани демонстрации во јануари, кои власта не ги одобруваше.

Почина легендарната југословенска актерка Милена Дравиќ


Ноќеска во Белград на 79 година од животот, почина легендарната српска и југословенска глумица Милена Дравиќ, после долга и тешка болест. Дравиќ починала во Клинички центар на Бежаниска коса, каде се наоѓала на лекување. Има одиграно дваесетина театарски улоги во претстави од различни продукции, а некои од нив се повеќе пати наградувани и играни по […]

Камион со мигранти се преврте во Турција, 15 загинати


Петнаесет лица загинаа, меѓу кои и деца, во сообраќајна несреќа што се случи денеска во Турција, пренесуваат турските медиуми. Несреќата се случила кога камион со мигранти слетал од патот од Ајдин кон Измир и се превртел. Засега нема информации за идентитетот на мигрантите.

Локални избори во Баварија


Околу 9,5 милиони луѓе имаат право да гласаат на денешните локални избори во германската покраина Баварија. Според анкетите, се очекува досега доминантната конзервативна Христијанско-социјална унија да доживее неуспех. Анкетите покажуваат дека ЦСУ, која зазеде цврст став за миграцијата, ја губи поддршката и од левичарските и од десничарски настроените граѓани, додека партијата Зелените ги придобива гласовите […]

Могерини: Преспанскиот договор е можност што не може да се повтори


Преспанскиот Договор е уникатна прилика за помирување и затворање на дводеценискиот спор помеѓу Скопје и Атина и оваа прилика може да не се повтори веќе, порачува високата претставничка за безбедносна инадворешна политика на Европската унија, Федерика Могерини во интервју за МИА. Утре ќе се знае дали постои потребно мнозинство во македонското собрание за имплементирање на […]

Грчката новинарка Вудури: Договорот од Преспа отвора перспективи и за двете земји


Резултатот од референдумот кај нас, но и Договорот од Преспа, во разговор за МИА ги анализира грчката новинарка од радиото „Атина 98.4“ и „Макрополис.гр“, Александра Вудури. Таа изразува изненадување од нискиот процент на излезност на референдумот и вели дека тоа им дава аргументи на оние кои што се против договорот и во двете земји. – […]

Сончево со мала до умерена облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе се движат од 18 до 27 степени. Во Скопје и околината слично време со температура до 24 степени.

Ребалансот ги намалува и приходите и расходите за половина процент


Владата сношти го разгледала и усвоила ребалансот на Буџетот за годинава. Прес службата соопшти дека одлуката за измени и дополнувања на Буџетот е донесена врз основа на приливите и одливите кои предизвикале потреба од минимални прилагодувања. Вкупните приходи со ребалансот се планирани на ниво од 192,5 милијарди денари, додека вкупните расходи се утврдени на износ […]

Нема притвор за осомничените во „Поштенска банка“


Нема притвор за тројца од осомничените во најновата истрага на СЈО со кодно име „Поштенска банка”, јавува Макфах. Судијата на претходна постапка, Седат Реџепаѓиќ, одлучи да не им определи притвор на тројцата осомничени. Наместо тоа, на Коле Смилевски судот му го одзеде пасошот, а за останатите двајца Томе Главчев и Ратко Димитровски, беа изречени мерки […]

СДСМ: Предвремени избори ако ВМРО-ДПМНЕ продолжи со блокади


„Доколку врвот на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски продолжат со деструктивното однесување, единствен излез се предвремени избори организирани веднаш на кои граѓаните ќе одлучат за иднината во ЕУ и НАТО“ се наведува во соопштението од СДСМ. „Раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека не можат да побегнат од волјата на граѓаните. Јасно изразената волја на мнозинството граѓани […]

Алкалоид со уште еден убедлив триумф на ЕКК


Шахистите на Алкалоид го победија израелски Реховот Чесс Скул со 5,5:0,5 во второто коло од Европското клупско првенство во Порто Карас, Грција. Израелскиот претставник единственото реми го „извади“ на петтата табла каде за „фармацевтите“ настапи Павел Елјанов. Останатите шахисти на „Алкалоид“ и во второто коло ја покажаа својата надмоќност, особено засилени со присуството на четвртиот […]

СЈО знае и подобро


Во моментите кога Специјалното јавно обвинителство почна да ги добива битките со главните ликови од „бомбите“, не смееше да си дозволи малодушност со театрални настапи. Со тоа ризикува целиот нивен професионален ангажман и способност да се водат најсложени и тешки процеси да биде минимизиран со невкусни досетки, непотребно кршење на правата на осомничените и недржење […]

Во тек распитот на три лица во Основниот суд Скопје 1 за предметот „Поштенска банка“на СЈО


Во Основниот суд Скопје 1 Скопје се уште е во тек распитот на тројцата осомничени кои денеска беа приведени пред судија на претходна постапка за новотворениот предмет со кодно име „Поштенска банка“ на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Станува збор за Коле Смилевски директор на […]

Федерер: Не одам во пензија


Кина – Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер го загуби полуфиналето на Мастерсот во Шангај од Хрватот Борна Чориќ со 2-0. По натпреварот, Федерер беше запрашан од новинарите за евентуално негово пензионирање. – Дали ќе играм тенис и следната сезона? Да! – потенцира се уште вториот светски рекет кој од понеделник ќе падне на третата позиција. Триесет и седум […]

Во Детроит најдени тела на 11 бебиња скриени во зграда на погребална фирма


САД – Властите во Детроит, по анонимен повик, пронајдоа тела на 11 бебиња во распаѓање, скриени во таван на зграда на една погребна фирма во градот. Поручникот Брајан Браузер од детроитската полиција изјави дека телата на бебињата се најдени меѓу првиот и вториот кат. Тој додаде дека девет тела биле сместени во картонска кутија, а […]

Трамп му се заблагодари на Ердоган за соработката за ослободување на Брансон


Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер напиша дека денеска ќе се сретне со американскиот свештеник Ендрју Брансон, ослободен вчера од турскиот суд и му се заблагодари на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за соработката за негово ослободување. – Ослободувањето на Брансон ќе доведе до „добри, можеби и прекрасни“ американско-турски односи, напиша Трамп и повтори дека нема […]