Kавадарчанка починала поради труење


Шеесет и деветгодишна кавадарчанка починала синоќа поради труење, соопшти денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. – Синоќа околу 18 часот во ПС ОН Кавадарци од ЈЗУ Општа болница – Кавадарци, пријавено било дека била донесена жителка од Кавадарци со видливи знаци на труење. Поради сериозноста  на здравствената состојба, жената била препратена   во Клинички […]

Бруцошите со ентузијазам, се надеваат на успешна перспектива


Бруцошите вчера дојдоа на првиот академски час со ентузијазам дека изборот на факултетот на кој се запишале ќе им обезбеди успешна перспектива. Се надеваат дека знаењата што ќе ги стекнат ќе ги применат во професијата. Најголемиот дел од нив се гледаат во приватниот сектор, ама има и такви што сметаа дека и администрацијата е добро […]

Потрдени повеќе од 1.200 жртви во земјотресот во Индонезија


Во силниот земјотрес и цунами што го погодија индонезискиот остров Сулавеси, загинаа најмалку 1.234 лица. Најновиот биланс денеска го објави портпаролот на Националната агенција за справување со катастрофи, Сутопо Пурво Нугрохо. Тој додаде дека 799 луѓе се сериозно повредени. Според него, во најновиот биланс на состојба не се вметнати извештаи од Сиги и Баларо, па […]

Осум илјади литри масло за греење украдени од Специјалниот завод во Демир Капија


Осум илјади литри масло за греење биле украдени од Специјалниот завод во Демир Капија, информираше денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски. Кражбата била пријавена на 28 септември. Според писмената пријава од институцијата, маслото за греење било одземено во периодот од 19 до 28 минатиот месец, од просторијата каде што се сместени котлите за парно греење […]

Џенифер Лопез спектакуларно го заврши шоуто во Лас Вегас


САД– Со спектакуларен настап, изглед и гости, поп-ѕвездата Џенифер Лопез го заврши тригодишното шоу во Лас Вегас, од кое инкасира заработка од 100 милиони долари. Во „Планет Холивуд“ во присуство на ѕвезди од Холивуд, ги испеа најголемите хитови и блесна во сребрен ауитфит. Во публиката ја поддржуваа децата и партнерот, Алекс Родригез. Во текот на […]

Кнајсел: Исходот од референдумот е јасен сигнал за поддршка на Дооворот за името


Шефицата на австриската дипломатија Карин Кнајсел смета дека и покрај неуспехот на референдумот за името на Македонија, пред се, заради слабиот одзив на гласачите, изјаснувањето во неделата покажа „јасен сигнал за поддршка“ на решението за спорот околу името со Грција. И австрискиот министер за европски прашања Гернот Блимел е уверен дека референдумот ќе води кон решение. […]

Јована Филиповиќ за „Независен“ : Во Фиренца ја остварувам желбата


Дизајнерката Јована Филиповиќ за која се бара покана повеќе на ревиите во Скопје е на мастер студии на универзитетот за мода, Полимода во Фиренца, Италија. -После неколку години конечно решив да си ја остварам желбата и амбицијата што ја имав. Тоа е да да го продолжам моето образование во градот кој што за мене е […]

Турција апси 417 лица за праќање пари во странство


Турција- Турските власти наредија апсење на 417 лица осомничени за испраќање 2,5 милијарди лири, или 419 милиони долари, на банкарски сметки во странство. Апсењата се изврпшени во рамките на истрага од страна на финансиската полиција, објави телевизијата Си-Ен-Ен Турк. Осомничените го сториле тоа откако им било наредено да испратат пари на 28.088 сметки што им припаѓаат […]

Највисоки цени на нафтата на берзите од 2014 година


САД – Цената на нафтата на берзите во Њујорк и Лондон е на највисоко ниво од ноември 2014 година, бидејќи пазарот стравува дека американските санкции против Иран ќе доведат до пад на понудата на светскиот пазар. Барел американска нафта (VTI) за испорака во ноември поскапе за 2,05 долари и достигна 75,30 долари на Њујоршката берза. Во […]

Анкета: На Меркел најмногу и веруваат, Путин пред Трамп


Луѓето во светот најмногу доверба имаат во германската канцеларка Ангела Меркел, а  во рускиот претседател Владимир Путин имаат повеќе доверба отколку во неговиот американски колега Доналд Трамп. Тоа се резулта од анкета на Истражувачкиот центар „Пју“ со седиште во Вашингтон. Во анкетата учествувале 26.112 испитаници од 25 држави. Триесет отсто анкетирани веруваат дека Путин добро […]

Александер Стуб се кандидира за претседател на Европската комисија


Белгија-Поранешниот фински министер за надворешни работи и поранешен европратеник сака да биде кандидатот на Европската Народна Партија (ЕПП) за иден претседател на Европската комисија. Во писмо испратено до европската демохристијанска партија еден месец пред конгресот на оваа партија, на кој делегатите ќе го бираат ниниот кандидат, Стуб порачува дека како кандидат ќе ги брани фундаменталните […]

Руско МНР: Гласачите бојкотираа решенија наметнати од надвор


Резултатот од референдумот во Македонија покажува дека гласачите одлучија да бојкотираат решенија наметнати од надвор, соопшти руското Министерство за надворешни работи. – Водечките политичари од НАТО и Европската Унија директно се вклучија во пропагадната кампања, не воздржувајќи се од мешање во внатрешните работи на земјата. И покрај фактот што две третини од граѓаните на Македонија не […]

Вајгл: ВМРО ДПМНЕ падна на тестот на зрелоста


Известувачот за Македонија во Европскиот Парламент за МИА изјави дека опозициската ВМРО ДПМНЕ не го помина тестот на зрелоста на референдумот за Договорот со Грција и оценува дека однесувањето на оваа партија, заедно со претседателот Ѓорѓе Иванов, всушност крие обид да се заштитат оние кои го прекршиле законот. -Има и неколку работи што не се […]

Коѕијас: Референдумот не е услов за имплементација на Договорот од Преспа


Референдумот не е ниту услов, ниту правно барање за имплементација на Договорот од Преспа, туку е избор на Скопје, рече шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ, коментирајќи го и објаснувајќи го резултатот од референдумот во Македонија. Коѕијас истакна дека Иванов за претседател и Заев за премиер биле избрани […]

На собир во Женева се расправа за референдумот во Македонија


Во организација на Светскиот економски форум денеска се одржува собир во Женева, насловен  „Стратешки дијалог за Западен Балкан“. Собирот во Женева за Западен Балкан ќе биде можност за разговори околу последиците од референдумот во Македонија, безбедносната ситуација и разговорите кои се водат меѓу Србија и Косово, како и анализа на состојбата во БиХ пред општите […]

Втора рунда за договорот: Брзи измени или брзи избори


Нема дилеми дека ќе продолжи спроведувањето на преспанскиот договор по завчерашниот референдум кој не ги исполни очекувањата во однос на одѕивот, ама ги потврди прогнозите за апсолутна доминација на опцијата „за“ наспроти одговорот „против“ на референдумското прашање. Ден потоа, сепак, останува дилема дали уставните измени ќе ги носи актуелниот парламентарен состав или некоја нова собраниска […]

Zgjedhje të parakohshme nëse për 10 ditë nuk ka marrëveshje për ndryshimet kushtetuese


Për disa ditë do të dihet nëse ekziston ambient për arritje të marrëveshjes me opozitën për shumicë prej dy të tretave e cila nevojitet për t’u votuar ndryshimet në Parlament, të cilat dalin nga Marrëveshja për emrin me Greqinë, tha dje kryeministri Zoran Zaev. Ai në deklaratën dhënë pas orës solemne të studentëve të saporegjistruar […]

По купувањето на „Версаче“: Двобој меѓу брендови и луксузни империи


Франција – Преземањето на „Версаче“ од страна на „Мајкл Корс“ зад себе ќе остави смален универзум на модни брендови, одлучен да продолжи сам и да се заштити од градителите на луксузни империи, зголемувајќи го притисокот врз оние што се борат финансиски да ја зголемат продажбата или да го продадат брендот. Омилениот италијански бренд од црвениот […]

Клоп се уште има доверба во Салах


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, нагласи дека се уште има доверба во напаѓачот Мохамед Салах, иако во изминатиот период игра во послаба форма. Ливерпул и Челзи викендов одиграa нерешено 1:1, а Салах имаше неколку добри шанси, но не успеа да реализира и во 66-та минута беше повлечен на клупата. –  Тоа сигурно не беше неговиот […]

Во прекин железничкиот сообраќај Велес-Гевгелија


Железничкиот сообраќај Велес-Гевгелија од денеска ќе биде во прекин поради појавени деформации на бетонски мост што се наоѓа помеѓу станица Градско и крстосница Кукуричани. Како што соопштуваат од МЖ Транспорт, прекинот ќе трае до завршување на санацијата на дефектот. Во меѓувреме, возовите кои сообраќаа на релација Скопје-Гевгелија и Гевгелија-Скопје, ќе сообраќаат само до Велес и […]