Ципрас: Ги поддржувам напорите на Заев да го добие референдумот


Желба, надеж и поддршка за Зоран Заев да го добие референдумот, уште еднаш изрази грчкиот премиер Алексис Ципрас, овој пат во интервју за сервисот на грчки јазик на „Euronews“. – Посакувам и се надевам дека овој договор ќе оди напред. Посакувам, се надевам и ги поддржувам напорите на Зоран Заев да го добие референдумот. И […]

Нема бојкот и од МПЦ: Секој сам да одлучи за референдумот


Македонската православна црква ги повика граѓаните сами да одлучат што ќе прават на 30 септември. Светиот архијерејски синод на МПЦ-Охридска архиепископија смета дека граѓаните се политички зрели и оти на претстојниот референдум, слободно и по свое сопствено уверување, ќе го остварат своето демократско право на избор. „Ја изразуваме својата доверба во политичката зрелост на граѓаните […]

Закерберг: Фејсбук е подготвен да спречи идни изборни манипулации


Основачот на Фејсбук Марк Закерберг изјави дека гигантската компанија веќе е подобро подготвена да се справи со политички манипулации кои би влијаеле врз исходот на ноемвриските избори за Конгресот на САД. Закерберг беше критикуван од страна на Демократската партија на САД дека Фејсбук и дозволил на компанија од Британија која работела за кампањата на Доналд […]

Сончево и суво со северозападен ветер


Сончево време со мала до умерена облачност и со слаб ветер од западен и северозападен правец ќе преовладува денеска во Македонија. Утринската температура ќе се движи од шест до 15, а дневната ќе биде во интервалот од 26 до 33 степени. УВ индексот ќе биде 6. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена […]

САД и ЕУ со силна поддршка „За“ успешен референдум


САД и Европската унија со силна поддршка за успех на престојниот референдум, закажан за 30 септември на кој граѓаните треба да се изјаснат за Договорот од Преспа и отворањето на европските и евроатланските интеграции на земјава. Интензивираната дипломатска активности продолжува. Вчера во Македонија престојуваа високата претставничка за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика […]

Негативен референдум ќе ги загрози пензиите


Економските аналитичари укажуваат дека неуспешен референдум би имал исклучително негативни последици врз економијата. Иако официјалните институции досега говореа само за придобивките од евроатлантските интеграции, негативното сценарио го отвори Штефан Питер, претседател на Советот на странски инвеститори, укажувајќи дека нестабилноста што ќе ја предизвика неуспехот на референдумот ќе влијае врз приливот на странски инвестиции кои ќе […]

(Видео) Мицкоски по средбата со Могерини: Не дозволувајте Заев да ве камшикува


Средбата  со високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика помина во еден пријателски убав амбиент. Ги разменивме мислењата околу актуелните политички случувања во државата. Ги кажавме нашите аргументи, ги слушнавме позициите од страна на еврокомесарката Могерини, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по средбата со шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини. – Ја […]

Весели: Нема да има промена на граници, ниту размена на територии


Претседателот на косовскиот Парламент Кадри Весели изјави дека нема да има промена на границите на Косово или размена на територии во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина. Во изјава за Дојче Веле тој рече дека преговорите меѓу Белград и Приштина ќе завршат со „признавање на независна и суверена држава Косово”. – Ќе има недопирливост […]

Захарова: Вашингтон го води светот кон работ на бездната


Постапките на САД во Сирија го водат светот до работ на бездната, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова. Таа рече дека на актуелните настани во Сирија, Москва гледа обид од страна на Американците да испробаат нов механизам за да ја одржат својата светска супериорност. – Суштината на таа надмоќ е да […]

Ахмети очекува апсолутно позитивен резултат на референдумот


Лидерот на ДУИ Али Ахмети на денешната средба со министерот за надворешни работи на Албанија Дитмир Бушати рече дека од референдумот на 30 септември очекува апсолутно позитивен резултат. Според Ахмети, кампањата се одвива одлично, а присуството на граѓаните е задоволително. Како што соопштија од ДУИ, Ахмети и Бушати заеднички констатирале дека единствената алтернатива за регионот […]

Ivanov vazhdon të tregohet kokëfortë


Kryetari i shtetit Gjorgje Ivanov në takimin e sotëm me përfaqësuesen e lartë të BE-së Federika Mogerini, e ka përsëritur qëndrimin e tij se i përkrah integrimet euroatlantike të Maqedonisë, por se “BE dhe NATO nuk duhet të jenë alibi për një marrëveshje të keqe. Ivanov, siç njoftojnë nga kabineti i tij, ka porositur se […]

Словенија доби нова, малцинска Влада


Пратениците во словенечкиот парламент вечерва изгласаа нова, малцинска Влада на лев центар на премиерот Mарјан Шарец. Од вкупно 90 пратеници, за новата Влада гласаа 45 пратеници, 34 беа против, а 11 беа или воздржани или отсутни. Непосредно пред гласањето, Шарец од парламентарната говорница истакна дека Владата ќе биде фокусирана на унапредување на здравствениот систем, намалување […]

Локвенец: Очигледна беше намерата на толпата да се упати кон Заев, Џафери и Села


Со сослушување на пратеникот Хари Локвенец од СДСМ заврши денешното рочиште за случувањата од 27 април во македонското Собрание. Тој рече дека била очигледна намерата на толпата да се насочи кон групата пратенци меѓу кои се биле Зоран Заев, Талат Џафери и Зијадин Села. – Обезбедувањето заедно со нашите колеги се обидуваа да ја задржат […]

Мичел: Македонија е пред историска шанса, опозицијата да ги охрабри граѓаните да гласаат


Да биде јасен во однос на претстојниот референдум и да ги орхабри македонските граѓани да излезат и да гласаат, му порача денеска помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Вес Мичел на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан  Мицкоски. Мичел по средбата со премиерот Зоран Заев денеска во изјава за медиуми пред Владата напомена оти […]

Мицкоски му порачал на Мичел дека за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатлив договорот со Грција


Членството во НАТО и ЕУ е од стратешки и државен интерес, но договорот со Грција е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ и е надвор од нејзините познати принципи и начела, истакнал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средбата со помошникот американски државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел. На средбата, како што соопшти партијата, Мицкоски рекол дека […]

Вработените може да пријават притисок на работното место на веб страната на МИОА


Министерството за информатичко општество и администрација од денеска на својата веб страница постави алатка за пријавување притисок на работното место. Од Министерството информираат дека пријавувањето е анонимно, но оти доколку лицето кое пријавува, сака да ги сподели личните податоци, тогаш тие ќе бидат заштитени согласно Законот за заштита на личните податоци. МИОА е обврзана сите […]

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис в понеделник во Скопје


Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис в понеделник пристигнува во официјална посета на Македонија, потврди попладнево македонската Влада. Делегацијата на САД предводена од Матис ќе биде свечено пречекана на Меѓународниот аеродром „Скопје“ и на платото пред Владата на Република Македонија. Матис ќе има средба со премиерот Зоран Заев, со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, а […]

Српската листа против трансформацијата на ФСК во војска на Kосово


Косовската Влада на денешната седница го усвои Нацрт-законот за трансформација на Безбедносните сили на Косово (ФСК) во Војска на Косово. На владината седница министерот за ФСК, Рустем Бериша предложи измена на три закони, со кои безбедносните сили се стекнуваат со нови надлежности, а Министерството за ФСК прераснува во Министерство за одбрана. Предлозите на Бериша, како и оној за […]

Иванов и порачал на Могерини: ЕУ и НАТО не смеат да бидат алиби за лош договор


Претседателот Ѓорге Иванов на денешната средба со високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини го повторил својот став дека ги поддржува евроатланските интеграции на Македонија, но дека „ЕУ и НАТО не смеат да бидат алиби за лош договор со кој се отвораат многу повеќе прашања, одошто се затвораат“. Иванов, како што […]