„Еврофест 2018“ во знак на Тоше


„Еврофест 2018“ година ќе има нова димензија – Чествување за незаборав на Тоше… Фестивалот ќе има две вечери и тоа на 28. и 29. септември а ќе се одржи во Крушево и Скопје… Во петок во 17. часот, во Амфитеатарот во Крушево, во чест на Тоше Проески ќе пеат Лауретати (победници) на европски фестивали и […]

Деми Ловато за прв пат во јавноста по предозирањето


САД– Поп-ѕвездата Деми Ловато, за прв пат е забележана во јавноста откако се предозираше кон крајот на јули, пренесуваат американските медиуми. Имено, Деми Ловато е видена како разговара со пријателка, со која се сретнала на кафе за време на паузата од рехабилитација. Иако многумина веројатно очекуваат дека ѕвездата ќе изгледа сосема поинаку, Деми на сликата […]

Сингапур има најбрз Интернет, Македонија меѓу најбавните во регионот


Македонија, БИХ, Турција, Црна Гора, Албанија, Белорусија, Грузија, Ерменија, Казахстан и Азербејџан се единствените европски земји кои не можат да надминат брзина на интернет над 10 мегабајти даунлодирање во секунда, пренесе Ал Џезира Балкан. Во деталното истражување на cable.co.uk, брзината на интернетот во 200 земји беше анализирана сај преку повеќе од 163 милиони тестови за […]

Ново рочиште за „27 април“ – ќе бидат сослушани четворица сведоци


На денешното рочиште за настаните во Собранието на 27 април минатата година треба да бидат сослушани четворица нови сведоци – Ацо Ангеловски, Александра Богоевска Крстановска, Маријан Митевски и Алим Алими. Во петокот маратонското рочиште заврши со сведочењето на Сашо Тасевски, кој е актуелен директор на БЈБ, а во времето на случувањето во Собранието беше обезбедување на министерот за […]

Tринаесет лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје


Тринаесет лица се полесно повредени во осум од вкупно 15 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во седум сообраќајки е причинета материјална штета. Изминатите 24 часа со поголема брзина од дозволената возеле 45 возачи, двајца биле под дејство на алкохол, 12 возеле пред да се стекнат со правото да управуваат […]

Референдумот е политичка определба, не правeн услов од Договорот


Излезеноста на претстојниот референдум е едно од прашањата кое доминира во јавната дебата за плебисцитарното изјаснување закажано за 30 септември, а кое ја одредува и судбината на Договорот од Преспа и евроатлантската иднина на земјата. Според шефот на дипломатијата Никола Димитров, референдумот не е правен услов во Договорот. Во него се споменува референдум, но тој, вели, е […]

Гостување на Битолски театар и две соло-претстави вечер на МОТ


Битолскиот театар вечер пред скопската публика од 20 часот во Македонската опера и балет ќе ја изведе својата најнова претстава – „Но(е)ва Македонија“ која на матичната сцена премиерно ја изведе во јули во режија на гостинот од Србија Кокан Младеновиќ. Авторскиот проект „Но(е)ва Македонија“ е  ангажирана општествена сатира чија цел е да ги истражи механизамите […]

Асанж одбил предлог да оди во Москва како дипломат на Еквадор


Англија– Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж минатата година го отфрлил предлогот на Владата на Еквадор да биде именуван за нивни дипломат на служба во Москва и со тоа конечно да ја напушти Еквадорската амбасада во Лондон, каде ги мина изминатите шест години. Според писмо од декември 2017 година, Владата на Еквадор му дала ваков предлог […]

Нови објекти за ветеринарни и фитосанитарни контроли на Блаце


На граничниот премин Блаце денеска ќе бидат пуштени во употреба новите објекти за вршење ветеринарни и фитосанитарни контроли. Двата објекта се изградени со финансиска поддршка на Европската унија во рамки на Инструментот за предпристапна помош ИПА 2. Корисници се Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и Државниот инспекторат за земјоделство. На пуштањето во употреба е најавено присуство […]

Влезот во ЕУ и НАТО придобивка за земјоделството


Македонското земјоделство мора да креира сопствен бренд, да нуди постојан, стандардизиран квалитет и да биде крајно сериозно кога е во прашање пласманот ако сака да биде конкурентно на европскиот пазар. При евентуален влез во ЕУ,  доматите, пиперот, краставицата и компирот се производите со кои уште веднаш би можеле да се пробиеме. Потенцијални сектори се и лозарството […]

Капело: Отсуството на Роналдо и на Меси е чин на непочитување


Англија – Легендарниот италијански тренер Фабио Капело упати критики на адреса на двете најголеми фудбалски имиња во последната деценија, Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Ѕвездите на Јувентус и на Барселона не се појавија во Лондон на церемонијата на прогласувањето најдобри. – Тоа е непочитување кон фудбалерите, кон ФИФА и воопшто кон фудбалот. Тие можеби се навикнати да […]

Грчките даночни служби со дронови откриваат затајување данок


Грција – Грчките даночни власти соопштија дека првпат користеле дронови со цел на островот Санторини да откријат сопственици на бротчиња кои носат туристи да го разгледуваат вулканскиот кратер и не издаваат сметки. Грчката Управа за јавни приходи соопшти дека мерката е преземена минатата недела кога за еден ден биле следени девет бротчиња за туристи. Утврдено е […]

Нови рочишта за „Тендери“ и „Тарифа“ на СЈО


Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжат судењата за предметите „Тендери“ и „Тарифа“ на Специјалното јавно обвинителство. На судењето за „Тендери“, каде првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од проектот „Скопје 2014“, треба да бидат […]

Сончево и постудено со силен северен ветер


Сончево, но постудено време со силен северен ветер ќе преовладува денеска во Македонија. Дневните температури во поголем дел од државата ќе бидат намалени за околу 10, а наместа и за 15 степени. Утринската температура ќе се движи од три до 12, а дневната од 12 до 22 степени. УВ-индексот изнесува 6. Синоптичарите најавуваат дека во Скопје […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Полната Месечина во вашиот знак ве спрема и облекува за да бидете подготвени – сега се појавуваат шанси за индивидуално самоизразување, но допрва ќе следуваат нови. Еден проект завршува, а сосема нов започнува – контактирајте со поширок круг на луѓе. БИК: Наоѓате попаметни начини да се носите со својата тежина и багаж – честото носење на […]

Заев: Бојкотот носи трња и троскот, ништо друго


Бојкотот носи трња и троскот, ништо друго. Ова го изјави премиерот Зоран Заев вечерва на трибина во Неготино. – Како мал пазар тешко се опстојува. Можеме само здружени заедно. Со понапредните, со големите пазари, каде што владее правото и европски вредности, каде што е вредно да се има квалитетен живот за живеење. Таму беа нашите […]

Мицкоски: Најголемиот дел од поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ или ќе апстинираат или ќе гласаат против


Сите граѓани во Република Македонија на 30 септември на претстојниот референдум треба да постапат според сопствено убедување, слушајќи го срцето и расудувајќи според разумот, истакна вечерва лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Телма, избегнувајќи конкретно да даде одговор на прашањето како тој како лидер на најголемата опозициска партија ќе постапи и каков […]

Гвардиола: Главната цел пред Сити останува одбрана на титулата во Премиер лигата


Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола потсети дека одбраната на титулата во Премиер лигата останува најважната задача пред неговиот тим. – Нашата главна цел е шампионатот. Кога ќе видам некои тимови, на пример како Барселона, Баерн и Јувентус, дека за 10 години освоиле по седум титули, ова ми кажува дека тие се најдобри. Сакаме да […]