Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Полната Месечина во вашиот знак ве спрема и облекува за да бидете подготвени – сега се појавуваат шанси за индивидуално самоизразување, но допрва ќе следуваат нови. Еден проект завршува, а сосема нов започнува – контактирајте со поширок круг на луѓе.

БИК: Наоѓате попаметни начини да се носите со својата тежина и багаж – честото носење на туѓиот багаж ве исцрпува и е контрапродуктивно – не ви помага ниту вас ниту ним. Научете да кажете не, сега тоа е на место, па ако треба повлечете се во осаменост. Време за медитација.

БЛИЗНАЦИ: Исчекорувате со благородни цели, храбри и решителни да го преземете водството. Кажете ги вашите стандарди, изјаснете се и отворете за отворена стрелба – ќе видите дека храбро ќе се износите со сите предизвици. Важна е вашата мотивација и волја.

РАК: Изворот на сета креативност доаѓа преку спојувањето на машкиот и женскиот принцип во една убава целина. Чудно, но ова е еден од најретките, а најинтимно споделените простори. Своеволно се предавате на саканите, а резултатот ги надминува очекувањата.

ЛАВ: Полна Месечина и вие се наоѓате среде конструктивни збиднувања и широк круг на луѓе. Како на вртелешка, случувањата се брзи и динамични, така што ќе треба да најдете начин да менувате брзини со другите, за да останете во чекор. Инаку, возењето може да е залудно.

ДЕВИЦА: Ќе ви бидат презентирани неколку опции и ќе треба добро да избирате – одберете го најважното за себе! Претставете се во најдоброто светло, за најдобри резултати. Сепак, не ги нагласувајте премногу своите квалитети и така доживеете дебакл. Нека ве фалат другите.

ВАГА: Денес решавате да дигнете раце од сè и да си земете одмор – можеби интуицијата ви говори спротивно, но дури и кратката дремка ќе ја врати вашата виталност. Така ќе ја зголемите својата продуктивност и ќе може да им се придружите на останатите подоцна.

СКОРПИЈА: Како да добивате телепатска потврда и точно знаете што е потребно, нема место за објаснувања. Сфаќате дека комуникацијата е споделена и дека имате многу сличности со опонентот. Зошто е тоа така, што е она што ве поврзува? Динамичен ден. Грижа за здравјето.

СТРЕЛЕЦ: Наградите обично се постигнуваат после многу одрекувања, тешкотии и разделби. Потоа, со малку солзи и смеа, сите рани ќе се исцелат. Луѓето се здружуваат поради содржината во нивните срца и како никогаш да не биле ниту разделени. Среќа и љубов.

ЈАРЕЦ: Идеален ден да го минете дома, наоѓајќи им се на блиските во служба – истресете го килимот, проветрете ги завесите, избришете ја прашината и освежете го просторот. Извадете ги алиштата и осигурајте се да не фатат лош мирис. Кротете ја енергијата умно.

ВОДОЛИЈА: Чекате ли порака, информација или некакви вести? Ова е ден кога ќе бидете поволно изненадени, но не барајте надвор од себе за да најдете одговор. Погледнете наоколу, во својата непосредна околина и ќе видите како пораките се надзираат како облак на хоризонтот.

РИБИ: Полната Месечина го зголемува вашиот ентузијазам и доживувате неочекувана инспирација, нешто како гром од ведро небо. Денот е динамичен, но успевате да постигнете стабилност. Сега е добро да се грижите за домот и за себе си. Време за одмор и љубов. Внатрешен мир.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]