Сончево и постудено со силен северен ветер


Сончево, но постудено време со силен северен ветер ќе преовладува денеска во Македонија. Дневните температури во поголем дел од државата ќе бидат намалени за околу 10, а наместа и за 15 степени.

Утринската температура ќе се движи од три до 12, а дневната од 12 до 22 степени. УВ-индексот изнесува 6.

Синоптичарите најавуваат дека во Скопје ќе биде претежно сончево и ќе дува силен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе достигне до 18 степени.

Од среда наутро ќе има значително опаѓање на утринската температура, која наместа ќе се спушти дури и околу нулата. Постепено затоплување се очекува кон крајот на неделата.