„Еврофест 2018“ во знак на Тоше


„Еврофест 2018“ година ќе има нова димензија – Чествување за незаборав на Тоше… Фестивалот ќе има две вечери и тоа на 28. и 29. септември а ќе се одржи во Крушево и Скопје…

Во петок во 17. часот, во Амфитеатарот во Крушево, во чест на Тоше Проески ќе пеат Лауретати (победници) на европски фестивали и тоа: Дона Александрова – Русија, Јорданка Христова – Бугарија,Натали Дениз – Украина, Ана Стефановиќ – Србија,Александра Војтик – Белорусија, Бенџамин Хасиќ – Босна и Херцеговина,Јулија Арнаут – Молдавија, Клодијана Вата – Албанија, Витали Органџи – Грузија, Ѓоко Ѓорчев – Македонија.

На оваа програма ќе бидат пуштени три видеа од најпопуларните песни на Тоше Проески а се’ ќе биде проследено со танцови на мелодиите кои се’ сеуште присутни меѓу фановите на Тоше и меѓу сите љубители на популарната музика.

Втората вечер ќе биде во Скопје (сабота, 29. септември) во Дом на АРМ,кога ќе биде одржана вечерта „Хит мелодии“…Со оглед на многуте хитови кои произлегоа од овој фестивал треба да очекуваме дека учесниците ќе донесат нови композиции кои ќе останат…

На „Хит мелодии“ ќе можеме да ги слушнеме, со најнови композиции: Ѓоко Ѓорчев,Серафина Фантаузо, Захари Чернев – Бугарија,Маргица Антевска,Рената Блажевска,Мери Тодорова – Младеновска,Глигор Гошев.

Традиционалната награда за животно дело ќе и биде доделено на Добрила Чабриќ Ивановска која имаше настапи на шоуто „Никогаш не е доцна“.

Програмата ќе ја води Катерина Стојановска Десковска.