„Кроација ерлајнс“ од среда во штрајк


Хрватска- Пилотите, стјуардесите и авиомеханичарите на „Кроација ерлајнс“ на 8 август ќе стапат во штрајк, соопшти Организацијата на работниците од таа компанија – ОРЦА. Тие тврдат дека немале друга опција бидејќи хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ не им ги исполнил ветувањата. На состанокот на претставниците на компанијата со Пленковиќ на 6 јули бил постигнат договор со ветување […]

СДСМ: Времето на криминални тендери заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција


Криминал, провизии, политички формирани компании и доделување на тендери на фирми блиски до власта беше одлика на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа време заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Денеска тендерите и јавните набавки се распишуваат по јасни услови, транспарентни критиериуми и фер пристап за сите, а се избираат компании кои ќе испорачаат најдобар […]

Шведската принцеза Маделин со семејството се сели на Флорида


Шведска– Шведската принцеза Маделин со сопругот и трите деца се сели есенва на Флорида, САД, потврди кралското семејство во Шведска. Семејството таму веќе има куќа за одмор. Принцезата Маделин (36)  претходно живееше во Њујорк и ќе продолжи да работи во „ World Childhood Foundation“, а сопругот Кристофер О Нил, банкар по професија, ко претходно работел […]

Највисоки плати во регионот има во Словенија со 1.077 евра, Македонија со најниски плати


Истражување на турската новинска агенција Анадолија за движењето на платите во регионот покажа дека и натаму Македонија е на дното . Највисоки плати има во Словенија кои изнесуваат нешто над илјада евра . Македонија има најниска просечна нето плата во Европа и регионот, јави турската новинска агенција Анадолија. Близу нас е само Србија. Највисоки плати […]

ЦИА: Македонија загубила 1.000 државјани во 2017-та поради емиграција


САД-Американската ЦИА пресмета дека Македонија во 2017 загубила 10.000 свои жители поради емиграција. Соодносот на заминати во странство и новодојдени во земјата е минус 0,5 , односно загуба на еден државјанин на секои 2.000 жители. Најкритични во регионот се Хрватска и Албанија со -1,7, односно -3,3 државјани на 1.000 жители. БИХ, Бигарија, Србија, Романија, Грција […]

Тачи реизбран за претседател на ДПА


Мендух Тачи на денешниот седми конгрес на Демократската партија на Албанците, кој се одржа во Тетово, беше реизбран за претседател. Тој пред присутните истакна дека ДПА во периодов што следи ќе се залага да се имплементира Договорот за името со Грција кој, како што рече е основен услов за Македонија да се интензивира во евроатлантските […]

„Охрид колинг“: Вечер за диџеј Армин ван Бјурен се очекуваат 15 илјади посетители


За настапот на диџеј Армин ван Бјурен, вечер, на завршницата од „Охрид колинг“, во организација на „Авалон продукција“ во Охрид се очекуваат 15 илјади посетители колку што досега сме ја виделе единствено на настапите на Лени Кравиц и Дејвид Гета. Изминативе два дена, на фестивалот настапија светските диџеи Димитри Вегас и Лајк Мајк, Роџер Санчез […]

(Фото) Кејт Аптон бремена позираше за бренд за долна облека


САД– Брендот за долна облека „Јамамај“ ја ангажираше бремената Кејт Аптон за есенската кампања. Кампањата е снимена во луксузен апартман во Њујорк. Супермоделот и актерка со сопругот, безбол играчот Џастин Варландер се венчаа лани на романтична свадба во Италија. Двојката летово го очекува своето прво дете. Кејт беше избрана од страна на престижниот магазин “Максим […]

Руседски: Големата тројка се врати, Ју-Ес опен ќе биде возбудлив


Англија – Легендарниот британски тенисер Грег Руседски очекува претстојниот Ју-Ес опен да биде еден од највозбудливите досега, бидејќи Роже Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ се во добра форма. – Мислам дека ова ќе биде едно од највозбудливите изданија на Ју-Ес опен досега. Федерер го освои Австралија опен, Надал Ролан Гарос, а Ѓоковиќ Вимблдон. Големата тројка […]

Мареј се повлече од четвртфиналето во Вашингтон, нема да настапи и на Роџерс купот


САД – Поранешниот прв тенисер во светот Енди Мареј му го предаде мечот од четвртфиналето на турнирот во Вашингтон на австралискиот тенисер Алекс де Минаур.Тој воедно соопшти дека нема да настапи и на Роџерс купот во Торонто. Мареј ја донесе оваа одлука поради исцрпеност од претходниот дуел против романскиот тенисер Мариус Копил, кога и покрај победата, […]

Обезбедени 10 милиони евра за патот Крива Паланка – Деве Баир


Обезбедени се 10 милиони евра преку Европската банка за обнова и развој за рехабилитација и проширување на патната делница Крива Паланка – Деве Баир (граница со Бугарија), соопшти денеска Министерството за финансии (МФ). Дополнителни 2,6 милиони евра ќе бидат обезбедени како грант преку инструментот „Инвестициска рамка за Западен Балкан“ на Европската унија со што ќе […]

(ВИДЕО) Груевски не одговора, Јакимовски ќе го бојкотира референдумот


Поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вчера на улица „Македонија“ беше забележан од новинар на ТВ21 во друштво на поранешниот градоначалник на Општина Карпош и претседател на ГРОМ, Стевчо Јакимовски. Новинарот на ТВ21 неколкупати го праша експремиерот за неговиот став во врска со претстојниот референдум, но Груевски успеа да одолее и не одговори […]

Концерт на „Синтезис“ за роденденот на „Охридско лето“


Програмата за вечерашниот концерт е внимателно избрана за да соодветстува на еден толку важен датум и на уште поважна институција каква што е „Охридско лето“, истакнаа на прес-конференција членовите на етногрупата  „Синтезис“, која вечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе одржи концерт за 58-от роденден на нашата најголема музичко-сценска манифестација. – Чест […]

Трамп го навреди кошаркарот: Не е лесно да се направи Леброн Џејмс да изгледа паметно


Претседателот на САД Доналд Трамп, предизвика лавина од критики откако на Твитер индиректно го навреди еден од најдобрите кошаркари на денешницата Леброн Џејмс. Трамп реагираше на интервјуто на Џејмс дадено за Си-Ен-Ен во кое наведе дека претседателот го злоупотребува спортот за поделби меѓу луѓето. – Леброн Џејмс беше интервјуиран од страна на најглупавиот човек на […]

Убиениот Македонец во Авганистан е 37-годишен жител на Љубанци, МНР сѐ уште нема официјална потврда


Министерството за надворешни работи се уште нема официјална потврда од авганистанските власти во врска со веста за македонскиот државјанин кој беше киднапиран и убиен во Кабул, а некои медиуми веќе објавија дека жртвата е 37-годишен жител на скопското село Љубанци. Според објавите во странски медиуми завчера, македонскиот државјанин заедно со уште две лица од Малезија […]

Вучиќ: Странски сили се мешаат во политиката на Србија


Српскиот претседател Александар Вучиќ по седницата на Советот за безбедност и потоа по средбата со српскиот патријарх Иринеј изјави дека во изминатите денови е забележано „агентурно дејствување од разни центри на моќта, во смисла дека нешто страшно се `крчка`, како страшните злосторници од Белград со нешто помалку страшните злосторници во Приштина нешто подготвуваат“, отфрлајќи ги […]

Што ќе ѝ се случи на ВМРО-ДПМНЕ ако бојкотира


На секој граѓанин на Македонија цел и сон му е членството на Македонија во НАТО и во ЕУ – тврди генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, а таа цел неговата партија ја запишала уште во својата прва изборна програма. Ако е тоа така, тогаш сите на кои им е цел и сон членството на Македонија […]

Бугарските проститутки заработуваат и по 3.000 евра недело


До 3.000 евра неделно заработуваат елитните проститутки во големите летувалишта на бугарското крајбрежје. Нивните поскромни колешки, кои се среќаваат со туристите покрај брегот, добиваат меѓу 300 и 400 евра. Толкави се заработувачките во јули, а за август се очекува да бидат поголеми, објави бугарскиот весник „Труд“. За младите Англичани и Германци, Бугарија веќе се стекна […]

Граѓани во Аеродром и Велес измамени со огревни дрва


Во полицијата вчера биле пријавени два случаја на измами со огревни дрва, во Аеродром и во Велес. Во Полициската станица Аеродром Р.Т.(63) пријавила дека на 1 август околу 12 часот на булеварот „Трета македонска бригада“ непознат сторител ја измамил за 14.000 денари. Додека истоварал огревни дрва кај нејзин сосед, измамникот и понудил на Р.Т. дрва […]

Мицкоски: Со предлогот за влез во Владата, СДСМ бара алиби за штетниот договор со Грција


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска на својот фејсбук-профил напиша статус во кој наведува дека се измислени неговите наводни барања за амнестија, а предлог за влез во владата е непристоен и надвор од неговите морални принципи. – Некој свесно заборава дека мандатот за влада, министерски места и функции ги дава единствено народот, а не поединци […]