(ВИДЕО) Груевски не одговора, Јакимовски ќе го бојкотира референдумот


Поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вчера на улица „Македонија“ беше забележан од новинар на ТВ21 во друштво на поранешниот градоначалник на Општина Карпош и претседател на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.
Новинарот на ТВ21 неколкупати го праша експремиерот за неговиот став во врска со претстојниот референдум, но Груевски успеа да одолее и не одговори на прашањето од новинарот. Претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, беше похрабар и застана пред камерата и рече дека ниту тој ниту неговата партија нема да излезат на референдумот за името, кој е закажан за 30 септември.