Продолжува потрагата по двајцата косовски полицајци


Екипи на македонската полиција и денеска ја продолжуваат потрагата по двајцата полицајци од Косово кои во саботата со возило излетале во реката Лепенец, од косовската страна на границата, соопштија за МИА од МВР. Вчера од полицијата изјавија дека се претпоставува дека телата може да бидат пронајдени и однесени од реката на македонската страна од границата. […]

Пронајдено оружје во Гостивар


Полициски службеници од Полициската станица Гостивар вчера околу 11:30 часот на улицата „Илинденска“ во Гостивар вршејќи редовна служба запреле патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистерски таблици управувано од А.Љ.(32) од Скопје.При преглед во возилото, под десното совозачко седиште била пронајдена црна ташна во која имало огнено оружје-пиштол „Црвена Застава М-57“ калибар 7,62 мм и една рамка со […]

Валверде: Титулата во Ла Лига е најтешка за освојување


Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде по освоената титула синоќа изјави дека неговите момчиња биле најдобриот тим во шампионатот и заслужено триумфираа. – Успеавме да ја освоивме титулата иако има уште натпревари до крајот на сезоната. Сметам дека бевме најдобриот тим, прокоментира тренерот по мечот. Валверде објасни и која е тајната за успехот на тимот, кој […]

Полицајци и родители во ноќна обиколка на угостителските објекти низ Охрид


Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи Охрид синоќа го реализираше проектот „Полициско-родителски патроли“. Во активноста покрај припадници на СВР биле вклучени 15-тина родители што доброволно се пријавиле да бидат дел од проектот, како и претставници на локалната самоуправа, центарот за социјални работи, преставници од училишните одбори и од советот на родители од образовните […]

Европратеничка од Нова демократија бара одговор од ЕК за ставовите на Туск по средбата со Заев


Ставовите и поддршката за Македонија од претседателот на Европскиот совет, но и употребата на македонскиот јазик од страна на Доналд Туск, се темите во прашањата што европратеничката од грчката опозициска Нова демократија, ги упатува до претседателот на Европската комисија по средбата во Скопје на Доналд Туск и Зоран Заев. Мариа Спираки, која воедно е и […]

Неделава во Солун нова средба Димитров – Коѕијас


Зачестените контакти на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас, во последниот период, продолжуваат неделава во Солун. Двајцата в четврток и петок ќе учествуваат на квадрилатералниот форум на кој ќе бидат и нивните колеги од Бугарија и од Албанија. Последната средба Димитров – Коѕијас беше минатата недела во Виена […]

Сончево, попладне услови за локален пороен дожд и грмежи


Времето ќе биде сончево и топло со умерена облачност, попладне со локален пороен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има во западните и североисточните делови. Утринската температура ќе биде во интервалот од 6 до 14, а максималната дневна од 23 до 29 степени. УВ индексот ќе изнесува 7. Во Скопје слично време со температура […]

Бојкот во ОУ „Васил Главинов“: Првачиња десет дена не одат во училиште, се бара помош од Ганиу и од Дескоска


Деца од прво одделение од ОУ „Васил Главинов“ во општина Чаир повеќе од десет дена ја бојкотираат наставата, во знак на револт затоа што раководството на училиштето на крај на учебна година сака да им наметне нова наставничка. Родителите пред четири дена поднеле жалба до градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу. Помош очекуваат и од министерката за […]

Димитров: Извештајот на ЕК да го преточиме во јуни во политичка одлука


Успеавем да добиеме најуспешен досега извештај од Европската комисија и ќе сториме се што можеме во јуни да го преточиме во политичка одлука, порача шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на свеченото одбележување на Денот на Министерството за надворешни работи. Министерот нагласи дека Македонија сега е модерна, стабилна и европска демократија која секогаш го бира […]

Фергусон со подарок за Венгер пред дербито на „Олд Трафорд“


Манчестер – Легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, пред натпреварот на 35.круг на шампионатот на Англија против Арсенал, му даде подарок на гостинскиот менаџер Арсен Венгер. Со овој чин, Јунајтед му оддаде признание на 68-годишниот Французин, кој по 22 години на крајот на сезоната ќе го напушти Арсенал. Пред почетокот на средбата и тренерот […]

Јосифовски: Не ја повлеков кандидатурата за лидер на НСДП


Не е точно дека сум ја повлекол мојата кандидатура за претседател на НСДП, тврди поранешниот пратеник Љубомир Јосифовски, по информациите дека Тито Петковски ќе биде единствен кандидат на партискиот конгрес на 13 мај. Според Јосифовски, досегашниот и, како што наведува, иден лидер на партијата Тито Петковски ја злоупотребил својата позиција. Денешната седница на Централниот одбор, […]

Кил победи во Скопје, но Вардар оди на фајналфор во Келн


Македонскиот првак Вардар втора година по ред ќе игра на завршниот турнир во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ денеска во реванш четвртфиналето загубија од Кил со 28:27, но благодарение на победата на гостински терен со 29:28 и повеќе постигнати голови на гости обезбедија Ф4 во елитното натпреварување во кое го бранат трофејот. Гостите најавија тежок натпревар […]

АТП турнир во Барселона – 11. трофеј за Надал


Барселона – Шпанецот Рафаел Надал го победи грчкиот тенисер Стефанос Циципас во завршниот меч на АТП турнирот во Барселона. За Надал ова беше 11. трофеј во исто толку финалиња во каталонскиот град. Домашниот тенисер за само 1 час и 18 минути го реши мечот со 2-0, по сетови 6:2 и 6:1. Наградниот фонд изнесуваше 2,5 […]

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ шири лаги, Владата работи одговорно


-Пред да шири лажни вести, ВМРО-ДПМНЕ да ги научи основните економски лекции, Владата работи одговорно и во интерес на граѓаните, реагираат од СДСМ на денешната опозициска прес-конференција. Според владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ не може да ги прифати успешните политики на Владата предводена од СДСМ и затоа продолжува да ја лаже јавноста преку лажни вести и измислици. […]

ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Заев и Анѓушев на чело на криминален клан


ВМРО-ДПМНЕ го обвинува премиерот Зоран Заев дека е на чело на криминален клан, кој откако ја преземал власта континуирано го зголемува своето богатство. „Зоран Заев потврди дека неговата фамилија, преку братучедот Трајче Заев, влезе во милионскиот бизнис со марихуана. Ова е второ големо проширување на бизнисите на Заеви, откако тој е премиер. По стапувањето на […]

Петковски единствен кандидат за лидер на Конгресот на НСДП


Досегашниот претседател на НСДП Тито Петковски останал единствен кандидат за уште еден мандат на чело на партијата. Според информациите, неговата кандидатура е утврдена на денешната седница на Централниот одбор на НСДП. Претендент за претседател на НСДП бил и поранешниот пратеник Љубомир Јосифовски, но тој ја повлекол кандидатурата. Петковски ја формираше НСДП пред парламентарните избори во […]

Ќе се констатира ли во среда оставката на Билен Саљији?


Донесување на реформските закони за судството, но и констатирање на оставката на министерот за правда Билен Саљији се очекува на на новата собраниска седница закажана за среда – 2 мај. Со оглед на тоа што станува збор за нова седница, проценките се дека таа ќе почне со констатирање на оставката што Саљији ја поднесе пред […]

Иванов гостите од Процесот Брдо-Бриони ги дочека со ајвар и песна


По завршувањето на состанокот на лидерите од Процесот Брдо Бриони во петокот вечерта, во хотелот „Парк“, претседателот Ѓорге Иванов беше домаќин на вечерата за претседателите и нивните делегации. На вечерата присуствуваа претседателите на Хрватска Колинда Грабар-Ќитаровиќ, на Словенија Борут Пахор, на Црна Гора Филип Вујановиќ, на Албанија Илир Мета, како и претседавачот со претседателството на […]

Директорот на ЈП ,,Државни патишта“ смета дека возачите не знаат да ги читаат сообраќајните знаци


По бројните реакции на возачите дека нема доволно сообраќајни знаци на новата делница од автопатот Демир Капија- Смоквица , директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов вели дека тоа не е точно и дека има доволно патокази. Тој смета дека има доволно знаци, но возачите не знаат да ги читаат. ,,За да стасаат возачите  до […]

(ФОТО) Се ожени хрватскиот тенисер Марин Чилиќ, гостите ги забавувал Џибони


Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ вчера се ожени по долгогодишна врска со својата девојка Кристин Милковиќ, а се венчале во црквата „Свети Никола“ во Цавтат. Забавата за роднините и пријателите била во Дубровник, во клубот „Ревелин“. За добра атмосфера на свадбата на четвртиот играч во светот бил задолжен Џибони, кој ја испеал песна за првиот танц, […]