Додевски заминува од челното место на Адвокатската комора


Скопскиот адвокат Никола Додевски, по нешто повеќе од четири години претседателствување со Адвокатската комора на Македонија (АКРМ) си заминува од оваа функција. Заминувањето на Додевски е повеќе од извесно, иако тој се уште ужива авторитет меѓу неговите колеги, но повеќе од извесно е и тоа дека тој нема да се кандидира за уште еден, нов […]

Во Врховниот суд во Атина во тек е рочиштето за Грујевски и Бошковски


Зад затворени врати, исто како и минатиот пат, во Врховниот суд во Атина продолжи рочиштето по поднесената жалба за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски, откако на 9 март, беше прекинато поради правни прашања. Рочиштето започна неколку минути по 11.30 часот по локално време, откако поминаа сите останати над 20 случаи, што беа на […]

Врховен суд го одби барањето за изземање на в.д. претседателот на Апелациски во предметот „ТНТ“


Врховниот суд постапувајќи по барање на одбраната во предметот на Специјалното јавно обвинителство „ТНТ“ за изземање на в.д. претседателот на Апелациски суд-Скопје Лидија Димчевска и нејзиниот заменик, на 16 овој месец донел решение со кое барањето за иземање се одбива како неосновано. Решението преку Апелациски суд-Скопје е доставено до Основниот суд Скопје 1. Како што соопшти Основен суд Скопје 1, […]

Туск: Застанавте до нас и ние ќе застанеме до вас


„Чувствувам промена во политичкиот менталитет во Македонија и вистинска волја за придвижување на евроатлантската ингерација. Гледам храбро лидерство насочено кон иднината. Препораката од ЕК е најдобар доказ дека напорите на Македонија импресионирале многумина во Европа“, истакна претседателот на Европскиот совет Доналд Туск на зедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев на која се обрати на македонски јазик. […]

Поранешни спикери со совет до Џафери: Не е време за инаети


Неколкудневната тишина околу Законот за јазиците ја прекрши претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој во дебатна емисија за ТВ21 рече дека веднаш штом Законот ќе стапи во сила, тој пленарните седници во законодавниот дом ќе ги одржува на албански јазик. „Ние го изгласавме Законот за јазиците и откако ќе биде објавен указот во ‘Службен весник’ […]

Шекеринска во Вашингтон побара поддршка од САД за нашето членство во НАТО


Бараме поддршка од САД за Македонија да добие покана за членство во НАТО оваа година, зашто еден таков пробив може да има позитивно влијание, кое ќе создаде нова надеж на Балканот, истакна заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска на тркалезната маса во Вашингтон организирана од американскиот Атлантски совет, со што ја почна  официјалната посета […]

Коѕијас го известил Столтенберг за текот на преговорите


Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во текот на вчерашната средба во Брисел го известил генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за текот на преговорите за името, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Коѕијас во позитивен контекст му го споменал фактот што Северноатлантската Алијанса останала надвор од преговорите. „Според дипломатски извори, господинот Коѕијас го извести господинот […]

„Титаник“ повторно одложен, еден од адвокатите казнет со 1.000 евра


Судењето за предметот „Титаник 3“ на СЈО што требаше да почне денеска во Кривичниот суд, повторно е одложено, овој пат за 11 мај. Причина за одложувањето е неприсуството на адвокатот Миланко Еленов. Тој заработи казна од 1.000 евра, бидејќи не се појави на судењето. Тој доставил оправдување до судот дека нема да дојде на рочиште, […]

Една година подоцна


Павле Богоевски Деновиве навршува една година од формирањето на Владата, една година од настаните на 27 април. Време е да се заокружат успесите, но и да се признаат грешките и да се адаптира курсот за понатамошното работење. Во секоја држава, која сака да се нарече демократска, промената на власта е само еден обичен процес, по […]

Козби обвинет за силување, го чека казна од 30 години


САД- Американскиот актер и комичар, 80-годишниот Бил Козби, е прогласен за виновен за сексуално злоставување по три точки од обвинението, од кои секоја поединечно носи затворска казна од 10 години. Актерот бил под истрага за дрогирање и сексуален напад на поранешната кошаркарка Андреа Констанд во 2004 година. Обвинет е за пенетрација без дозвола, пенетрација додека […]

Туск и лидерите од регионот во Скопје на состанок на Брдо-Бриони процесот


Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, седум претседатели и еден премиер ќе бидат гости на претседателот Ѓорге Иванов, кој е домаќин на состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони, што ќе се одржи денеска во Скопје. Како што соопштија од кабинетот на Иванов, подготовките за состанокот, кој ќе се одржи во хотелот Александар Палас, веќе финишираат. Официјално своето присуство го […]

Прегазен пешак на т.н. Пластичарска улица


Синоќа во 22.10 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул. „Цветан Димов“ и бул. „Никола Карев“ патничко возило „Ланчиа“ со скопски регистарски таблици, управувано од С.П. (52) од Скопје удрило во пешак Ш.Д. (58) од Скопје. Од ударот со повреди се здобил пешакот кој со возило на Итна медицинска […]

Presidents of the Brdo-Brijuni process and Tusk in Skopje today


The meeting of the presidents of the countries of the Brdo-Brijuni process will take place today in Skopje. The president of Macedonia, Gjorge Ivanov is the host of this meeting, which will also be attended by the presidents of Albania, Serbia, Slovenia, Croatia, Montenegro, Kosovo and Bosnia and Herzegovina, the president of the European Council, […]

Цветанка Ласкова: Во душа сум социјалдемократка


Во текот на 45 години професионална кариера како естраден уметник, бизнисменка и сега активно вклучена во политиката, Цветанка Ласкова не ги менува работните навики, стилот на облекување, фризурата и пријателите. Дури над дваесет години е верна на истиот парфем „опиум“ на Ив Сен-Лоран. Вели, тајната на нејзиниот дамски изглед и однесување е во позитивната енергија, […]

Бебе паднало од балкон во Куманово


Во 15 часот и 55 минути во полицијата во Куманово, од Итната медицинска помош било пријавено дека на улицата „Егејска Македонија“ дошло до несреќен случај во кој 13-месечно бебе паднало од балкон. Детето било пренесено во Јавната здравствена Куманово и по укажаната помош било пренесено во Детска клиника при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. […]

Kotzias briefs Stoltenberg on name talks


Greek Foreign Minister Nikos Kotzias briefed Thursday NATO Secretary-General Jens Stoltenberg over the course of the name talks, ANA-MPA reports. According to diplomatic sources, Kotzias told Stoltenberg that Greece appreciates the fact that the Alliance has refrained from involvement in the talks. The Kotzias-Stoltenberg meeting took place at the NATO HQ in Brussels, while interlocutors failed to […]

Јоновски е повреден, нема да игра против Романија


Ракометарот на бундеслигашот Ратинген и на македонската репрезентација, Ацо Јоновски, поради повреда нема да игра во јунските бараж средби против Романија за пласман на Светското првенство. Неговиот клуб на социјалните мрежи објави дека Јоновски на еден од натпреварите во лигата се здобил со повреда на градниот кош, а прогнозите се дека бекот треба да одмора […]

Заев-Китаровиќ: Силна поддршка од Хрватска за интеграциите на Македонија


Премиерот Зоран Заев придружуван од вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерката задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска и државниот секретар во МНР Виктор Димовски, имаше работна вечера со хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, придружувана од хрватска делегација и амбасадорката на Хрватска во Македонија Данијела Баришиќ. Китаровиќ, пренесе […]

Ќе се повтори ли крвавиот четврток


Ерол Ризаов Собранието на годишнината од најсрамниот датум во парламентарната историја на Република Македонија денес нема да го одбележи крвавиот четврток во пленарната сала со документарен филм „Никогаш повеќе“. Ниту претседателот на државата ќе се обрати до пратениците и јавноста со порака дека тоа што се случи на 27 април лани не смее да се […]

Заев ќе се руши со еден митинг


  Во ВМРО-ДПМНЕ се премислија. Најавените протести што требаше да траат до уривањето на „ненародната власт“, се претворија во еден и единствен митинг пред Владата, дознава „Независен весник“. Опозицијата смета дека на тој начин, преку одржување грандиозен протест со присуство на десетици илјади граѓани, ќе се испрати посилна порака до станарите на „Илинденска“ и до […]