Одобрени 5,7 милијарди евра кредитна помош на Грција


Грција денеска соопшти дека добила одобрение од меѓународните кредитори за нова и последна транша кредитна помош од 5,7 милијарди евра во рамките на програмата која формално ќе биде завршена во август. Префрлањето на 5,7 милијарди евра ќе биде извршено до средината на март. Тоа треба да го одобрат парламентите на држави, кај кои е потребна […]

На Македонија ќе и се воведат реципрочни мерки поради опструкција на брашното од Србија


Деловната асоцијација на индустриски мелници, пекари и производители на тестенини „Житоунија“ од Нови Сад, смета дека треба да продолжат преговорите за извоз на српско брашно во Македонија и ако на краток рок не се постигне договор, да се воведат реципрочни мерки. Како што наведуваат од „Житоунија“, тие се залагаат преговорите за извозот на брашното да […]

РПЦ: Желбата на МПЦ да добие црква мајка во БПЦ е важна тема


Желбата на Македонската православна црква да добие црква мајка во Бугарската православна црква е многу комплексна и многу важна тема за која сега многу се радуваме дека има можност да се решава од двете страни. Тоа го изјави свештеник Александар Волков, началник на прес службата на Московскиот и на цела Русија патријарх Кирил. Изјавата беше […]

Лавров: По вовлекување на Црна Гора, НАТО го забрзува пристапувањето за Македонија


Москва не гледа никакви проблеми во намерите на балканските земји да влезат во Европската унија, но тие самите, без надворешен притисок, треба да проценат колку предусловите на Унијата им одговараат на нивните национални интереси, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров. – Не гледаме никакви проблеми тоа што балканските држави сакаат да станат […]

Четворица загинати во лавина на француските Алпи


Четири лица загинаа, едно лице е повредено, а едно исчезнато во лавина на француските Алпи, соопшти полицијата, додавајќи дека спасувачката операција се уште трае. Лавината ги погодила скијачките терени во подрачјето Ентраунес, објави француската полиција на Твитер. Минатиот месец во лавина настрадаа двајца скијачи, маж и неговата 11- годишна ќерка, во алпското одморалиште Валдизер, а […]

Франција: Сексуален однос со лице помладо од 15 години ќе се смета за силување


Франција ќе објави дека сексуален однос со малолетници помлади од 15 години автоматски ќе се смета за силување, изјави денеска министерката за полова рамноправност Марлен Скиапа. Реформата, која е дел од новиот закон за борба против сексуалната агресија, се носи по случај во кој маж во доцни 20-ти години е ослободен од обвинение за сексуален […]

МВР ги отфрла како невистинити инсинуациите за притисок врз полициската службеничка


Министерството за внатрешни работи, во соопштение до медиумите денеска категорично ги отфрла шпекулациите во дел од јавноста дека врз полициската службеничка Јасмина Јаначковска било извршено физичко насилство. – Исто така, категорично ги отфрламе како невистинити инсинуациите дека врз полициската службеничка е вршен било каков притисок од раководството на МВР во врска со овој настан. Министерството […]

Хелсиншки комитет: Останува прашањето зошто МВР нема поднесено кривична пријава против Асани


Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија смета дека е исполнето битието на кривичното дело „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста” согласно изјавата на полицајката, дека таа била вербално нападната додека ја вршела својата должност на проверка и контрола на неправилно паркирани возила меѓу кои било и возилото на напаѓачот, Бекир […]

Две лица загинаа во нов вооружен напад на Универзитет во САД


Најмалку две лица загинаа во напад извршен во Универзитетот во Мичиген, јавуваат американски медиуми. Според полицијата жртвите не се студенти и осомничениот напаѓач е во бегство. Полицијата на Твитер наведе дека се работи за маж со афро-американско потелко, дека е вооружен и опасен. Нападот се случил во студенстки дом во рамки на кампус, јави Еј-Би-Си […]

Реакција на МОН на изјавата на претседателот на СОНК


на 01.03.2018 година, министерката за образование и наука проф. д-р Рената Дескоска, оствари средба со Сузан Флокен, директорката на Европската конфедерација на синдикатите за образование, придружена од претседателот на СОНК, г. Јаким Неделков. На средбата, министерката Дескоска изјави дека МОН отвори широк консултативен процес во кој се вклучени претставници на синдикалните организации во сите образовни […]

СДСМ: Владата продолжува со спроведување на сите мерки предвидени во Планот за живот


ВМРО-ДПМНЕ, партијата којашто преку своите политики на криминал, корупција и расипништво 11 години ги осиромашуваше граѓаните, ја задолжуваше државата, а економијата ја доведе до пропаст, продолжува да работи спротивно од интересите на граѓаните. За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога парите на граѓаните се трошеа за богатење на поедници од раководството на партијата, Владата предводена […]

Повредени регрути бегајќи од пукање во Центарот за обука во Идризово


Завчера инструктор во Центарот за обука во Идризово пукал со пиштол во близина на десеттина кадети, тврдат извори за Нетпрес.  На полицаецот инструктор Јордан К. наводно му пречела вревата на младите, па решил да пука со службениот пиштол. Регрутите во паника почнале да бегаат и некои од нив се повредиле. Од МВР нема потврда за инцидентот. […]

НАТО: Не сакаме нова Студена војна и трка во вооружување со Русија


Не сакаме нова Студена војна или нова трка во вооружувањето, изјави портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску. Таа истакна дека противракетниот штит, кој во Европа го поставува САД не е насочен против Русија. Заканата на рускиот претседател Владимир Путин упатена кон членките на НАТО е „неприфатлива“ и не придонесува на напорите за смирување на тензиите, соопшти […]

ФБИ ги проверува бизнисите на Иванка Трамп во Канада


ФБИ ги проверува меѓународните бизниси на Иванка Трамп, ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп, јави Си-Ен-Ен повикувајќи се на извори блиски на истрагата. ФБИ ги проверува договорите и финансирањето на компанијата „Трамп интернешнал Хотел енд Тауер“ во Ванкувер во Канада, велат два извори за Си-Ен-Ен, еден поранешен и еден актуелен државен службеник. Проверката која ја […]

Студентка од Македонија исчезна во САД (ВИДЕО)


Адеа Шабани, 25 годишна студентка по глума од Македонија е пријавена за исчезната во полициската станица во Лос Анџелес, пренесува ABC7. Шабани е исчезната на 23 февруари, а нејзините блиски пријатели ја опишале како комуникативна личност која не пропуштала часови по глума, а и редовно комуницирала со своето семејство во Македонија. Истрагата е во тек […]

МТСП: Стечајните работници задоволни од измените на законот


Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денеска се сретна со Лилјана Георгиевска, претседателка на Здружението на стечајни работници – УНИТ и регионалните координатори на здружението. Претставниците на стечајните работници изразија задоволство поради измените на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, предложени од страна […]

Селмани: Владата не сака јавна критика, министрите на ДУИ се однесуваат како во времето на ВМРО


Претседателот на ЗНМ Насер Селмани ЗНМ на денешната јавна дискусија за размена на идеи и мислења за актуелните владини политики и процеси поврзани со нејзината транспаратеност, упати забелешка кон министрите од редовите на ДУИ кои, според него, се уште се однесуваат како во времето на ВМРО-ДПМНЕ, кон новинарите од медиумите на албански јазик кои се […]

Џафери: Стандардизиран формат на годишните извештаи на институциите


Стандардизираниот формат на годишните извештаи за работа кој институциите треба да ги испраќаат до Собранието на Република Македонија, со цел да може поедноставно да се врши надзор врз нивната работа, беше предмет на денешната втората средба меѓу собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и претставници на овие институции. – Убеден сум дека […]

Полски има право на воената отштета од Германија во висина од 850 милијарди долари


Варшава има право да побара отштета од Германија која може да изнесува 850 милијарди долари за уништен имот и убиени за време на Втората светска војна, изјави денеска полски политичар задолжен за прашања за воена отштета. Полската владејачка партија Право и правда го „оживеа“ прашањето за воена отштета во време кога израелски политичари ја обвинуваат […]

Најмалку 27 лица уапсени во заедничка операција на српската и шпанската полиција


Во заедничка акција на српската и шпанската полиција уапсени се 27 лица и запленети се над 75 килограми марихуана. Во Шпанија уапсени се 26 лица од кои 14 се државјани на Србија, потоа државјани на Црна Гора, на Босна и Херцеговина, на Хрватска, на Литванија и на Шведска. Додека во Србија приведено е едно лице. […]