Студентка од Македонија исчезна во САД (ВИДЕО)


Адеа Шабани, 25 годишна студентка по глума од Македонија е пријавена за исчезната во полициската станица во Лос Анџелес, пренесува ABC7.

Шабани е исчезната на 23 февруари, а нејзините блиски пријатели ја опишале како комуникативна личност која не пропуштала часови по глума, а и редовно комуницирала со своето семејство во Македонија.

Истрагата е во тек и сега за сега нема никакви нови докази за нејзиното исчезнување. Нејзината мајка замина во САД,  каде ангажирала приватен детектив и се надева дека наскоро ќе ја пронајде ќерката.