СДСМ: Владата продолжува со спроведување на сите мерки предвидени во Планот за живот


ВМРО-ДПМНЕ, партијата којашто преку своите политики на криминал, корупција и расипништво 11 години ги осиромашуваше граѓаните, ја задолжуваше државата, а економијата ја доведе до пропаст, продолжува да работи спротивно од интересите на граѓаните.

За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога парите на граѓаните се трошеа за богатење на поедници од раководството на партијата, Владата предводена од СДСМ преку успешните економски политики обезбедува повеќе пари за граѓаните.

Граѓаните ја чувствуваат разликата помеѓу расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ и одговорното управување со буџетските пари на Владата предводена од СДСМ. Зголемената минимална плата, укинувањето на радиодифузната такса, зголемените субвенции и државна помош за претпријатијата, решавањето на долгодишниот проблем со стечјните работници, се само дел од спроведените мерки што обезбедуваат повеќе пари назад кај граѓаните.

Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на сите мерки предвидени во Планот за живот и Програмата за работа на Владата преку кои се обезбедува економски напредок и квалитетен живот за сите.

Центар за комуникација на СДСМ