Косовскиот Парламент не постигна консензус за демаркација на границата со Црна Гора


Вонредната седница на косовскиот Парламент закажана за денеска е одложена, откако пратеничките групи во Собранието не постигнаа консензус околу договорот за демаркација на границата со Црна Гора. Претседателот на Парламентот, Кадри Весели не успеа да обезбеди парламентарно мнозинство за да се изгласа ратификацијата на договорот за демаркација. РТК јави дека седницата е презакажана за 28 […]

Македонија без Елмас на дуелите со Финска


За двата натпревара кои ќе се одиграат на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, селекторот македонската фудбалска репрезентација до 19 години, Вујадин Станојковиќ нема да смета на Елиф Елмас, Димитар Митровски и Дарко Чурлинов, тројцата поради клупски обврски нема да бидат дел од составот за натпреварите против Финска. – Два многу значајни натпревари за нашата […]

Компанијата Нестле „војува“ со шест европски компании


Швајцарската прехранбена компанија Нестле е во „војна“ со шест европски малопродажни синџири кои ја бојкотираат нејзината стока, барајќи пониски цени, пишува „Пословни дневник“. Меѓутоа, намалувањето на цените во овој момент, како што се наведува, воопшто не оди во прилог на Нестле, имајќи ги предвид последните податоци за продажбата. Како што пренесуваат медиумите, светската прехранбена компанија […]

Данев: Зголемената старосна граница за пензионирање ќе ја зголеми невработеноста кај младите


Зголемувањето на старосната граница за пензионирање и стапката на придонесите за ПИО, која беше најавена од страна на Зоран Заев е удар врз економијата, работодавачите и работниците. СДСМ ветуваше помали даноци и давачки од опозиција, за сега од позиција на власта го прави спротивното. Зголемувањето на старосната граница за пензионирање ќе го забави економскиот раст, […]

Дојче веле: Германците гледаат две Ангели Меркел


Со голем углед во светот, но често неодлучна. Добра канцеларка, но нејзиното време измина, наведува Дојче Веле во прилогот за Ангела Меркел која се бори да остане на власт во уште еден мандат. Повеќе од две третини од Германците сметаат дека времето на канцеларката Ангела Меркел изминало, но истовремено, речиси ист број луѓе веруваат дека […]

Решавањето на спорот со името во фокусот на средбата Ципрас – Меркел


За прашањето со името и заклучоците од посетата на Зоран Заев на Берлин, разговарале грчкиот премиер и германската канцеларка на нивната куса средба во Брисел на неформалниот состанок на лидерите на ЕУ. Според грчките медиуми, пораката од Меркел била дека ќе продолжи да ги охрабрува двете страни за да стигнат до решение, додека пак Алексис […]

Кривични пријави за 11 лица од Центарот за социјални работи кои не го заштитиле девојчето


Кривични пријави против 11 лица и 12 иницијативи за дисциплински постапки покренува Министерството за труд и социјална политика, по случајот со малолетната Р.И, која абортираше по низа сексуални злоставувања во време кога била штитеничка на ЈУ „25 Мај“. „Врз основа на записникот и извештајот од извршениот вонреден инспекциски надзор од страна на Социјалната инспекција при МТСП, Министерството […]

Кривична пријава за полицаец од Гостивар


Полицаец од станицата во Гостивар изготвил лажен купопродажен договор за возило, наводно купено во Швајцарија, а документите ги приложил во барање за регистрација и возилото го регистрирал без условот за ЕУРО 4 стандардот. Од МВР соопштија дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична против Г.М.(44) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за […]

Струмичанец затаил данок за заработени 20.000 евра на Фејсбук


Струмичанец заработи кривична пријава за затајување на данок за пари заработени преку продажба на услуги на „Фејсбук“, каде заработил преку 20 илјади евра. Како што соопштија од МВР Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против Д.Д. (25) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување’’. Во текот на […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ рушат споменици како ИСИЛ


Која е разликата помеѓу Мула Омар, талибанскиот лидер кој даде наредба за уривање на статуата на Буда која е светско културно наследство и вчерашната наредба на СДСМ да се урне споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето? Која е разликата меѓу Ал Багдади, еден од лидерите на ИСИЛ кој даде наредба за уништување на древната Палмира […]

(Фото) „Златна бубамара на популарноста“: Музика, смеење, сеир и мода


Се смеевме, уживавме во добра домашна и регионална музика, пеевме на хитовите на сите генерации, аплаудиравме, свиркавме, бевме еуфорични, носталгични, гледавме кој како е облечен, кој со кого се поздрави, и кој дојде синоќа на 21. „Златна бубамара на популарноста“ во Скопје, годинава под мотото „За подобар живот“. Поради политичарите се паркиравме кај што стигнавме, […]

Шехтански до Шилегов: Како што го отстрани Ќосето, отстрани гo двоглавиот орел и УЧК во Чаир


Ванчо Шехтански, лидер на политичката партија ТМРО, кој беше функционер во власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ, очекува скопскиот градоначалник Петре Шилегов да постапи по одлуката од февруари 2016, која претходниот градоначалник Коце Трајановски не ја спроведе и веднаш да го отстрани, како што пишува, споменикот на УЧК , кој е дивоградба во скопската населба Чаир. „Петре […]

Владата почнува процедура за трет мобилен оператор


Владата започнува со создавање услови за влез на трет мобилен оператор во земјава. Како што информира на денешната средба со новинарите министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, ова ќе биде и една од клучните теми на која тој ќе разговара на ГСМ Саемот што од недела започнува во Барселона, Шпанија. – На саемот […]

Здружението на кошаркари ќе добие ново раководство


Здружението на кошаркари на Македонија утре од 15 часот во Конгресната сала на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ќе го одржи редовното Годишно собрание на кое треба да биде избрано ново раководство. „На ова собрание ќе имаме можност да избереме нова управувачка структура, нови членови на управниот и надзорниот одбор бидејќи на дел од сегашните […]

Хрватската армија ќе помага за чистење на снегот


И хрватската армија ќе се вклучи во чистење на снегот во делови од Хрватска, откако снежните врнежи предизвикаа големи проблеми во делови од државата. Снегот и понатаму го отежнува сообраќајот во Лика, Горски Котар, централниот и северозападниот дел на земјата, а некои училишта се затворени. Поради силниот ветар во сила се вообичаените ограничувања на некои […]

ЗОИ 2018: По две децении Русите ќе играат финале во хокеј


Хокеарите на Русија кои на ЗОИ во Јужна Кореја настапуваат под олимпиското знаме ќе играат во финалето, откако денеска во првото полуфинале ја победија Чешка со 3:0. За Руите ова ќе биде прв финален меч на олимпискиот турнир во хокеј по пауза од 20 години. По нерешените 0:0 во првата третина, следуваа 2:0 во вториот […]

Синот на Сорос го посети Шуто Оризари


Претседателот на Фондациите отворено општество – Њујорк, Патрик Гаспард и Александар Сорос, филантропист и син на Џорџ Сорос, во кратката посета на Македонија вчера ја посетија и општината Шуто Оризари. Гаспард и Сорос го посетиле локалното насление и со општинската администрација разговарале за развојни планови на општината. „Горди сме што ги имавме за гости и […]

Втор случај на допинг во рускиот тим на ЗОИ


Руската репрезентативка во боб Надежда Сергеева падна на допинг тестот на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг. Ова е втор случај на допинг во рускиот тим, откако претходно позитивен тест имаше и Александар Крушелницкиј. Тој со партнерката Анастасија Бризгалова освои бронза во карлинг, но поради допингот тие останаа без медали. На руските спортисти поради системскиот допинг, […]

Дарко Рундек пред „Тексас“ на шоуто „ Greatest hits“ во Скопје


Регионалната ѕвезда Дарко Рундек доаѓа во Скопје. Ќе настапи на шоуто „ Greatest hits“ во Скопје на 23 јуни, во рамките на  на вториот фестивалски викенд на „Скопје колинг“ во организација на Авалон продукција. Дарко Рундек, ќе настапи со својот бенд пред настапот на легендарните „Тексас“. Една од најголемите британски поп-рок атракции на сите времиња […]

Просечната македонска плата е речиси три пати помала од словенечката


Најголеми плати во регионот земаат Словенците, а најмали Македонците, покажуваат статистичките податоци на земјите од бивша Југославија. Во Словенија на крајот на 2017 година просечната нето плата се искачи на 1.062 евра, што е зголемување од 1,7 отсто во однос на претходната година. По Словенија е Хрватска, каде според најновите податоци просечната плата изнесува 835 […]