Дарко Рундек пред „Тексас“ на шоуто „ Greatest hits“ во Скопје


Регионалната ѕвезда Дарко Рундек доаѓа во Скопје. Ќе настапи на шоуто „ Greatest hits“ во Скопје на 23 јуни, во рамките на  на вториот фестивалски викенд на „Скопје колинг“ во организација на Авалон продукција. Дарко Рундек, ќе настапи со својот бенд пред настапот на легендарните „Тексас“.

Една од најголемите британски поп-рок атракции на сите времиња „Тексас“ за првпат доаѓа на Балканот. До 2018 година имаат продадено албуми во 40 милионски тираж, потоа, неверојатни 13 синглови кои се најдоа во престижната британската топ 10 листа, три албуми кои се најдоа на врвот на листата и осум албуми на топ 10 листата, вклучувајќи го и последниот студиски албум „Jump On Board“ кој е издаден во мај 2017 година.

Сите детали околу влезниците ќе бидат познати на 6 март во 21 часот.