Данев: Зголемената старосна граница за пензионирање ќе ја зголеми невработеноста кај младите


Зголемувањето на старосната граница за пензионирање и стапката на придонесите за ПИО, која беше најавена од страна на Зоран Заев е удар врз економијата, работодавачите и работниците.

СДСМ ветуваше помали даноци и давачки од опозиција, за сега од позиција на власта го прави спротивното.

Зголемувањето на старосната граница за пензионирање ќе го забави економскиот раст, ќе влијае на зголемување на невработеноста и ќе предизвика зголемување на стапката на младинска невработеност.

Постојаната старосна граница е во рамките на просекот на европските земји и целосно одговара на демографските карактеристики на работна сила во Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ ги подржува и јавно искажаните ставови на синдикатите и организациите на работодавачите за не зголемување на старосната граница на пензионирање.

Целосно неиздржани се и предлозите за зголемување на стапката на придонеси за пензиско и инвалидско осигурување, тоа ќе предизвика застој во отворање на нови работни места и пад на платата на веќе вработените.

Ниската стапка на придонеси за ПИО е мерка на ВМРО-ДПМНЕ, која помогна за отворање на нови работни места и намалување на невработеноста. ВМРО-ДПМНЕ со цел намалување на трошоците за бизнисот и стимулирање на вработувањата ја намали стапката за придонеси од 21.2% во време на СДСМ на 18%, заради енормно високата стапка на невработеност од 39%, која владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2006 година ја наследи од СДСМ, а со помош на квалитетните економски мерки, меѓу кои и намалувањето на стапката на придонеси за ПИО ја сведе на 22.1%.

Стапката на придонеси не смее да се зголемува. Нови трошоци за бизнисот не смее да има. Државата не смее да биде пречка за бизнисот.