ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ рушат споменици како ИСИЛ


Која е разликата помеѓу Мула Омар, талибанскиот лидер кој даде наредба за уривање на статуата на Буда која е светско културно наследство и вчерашната наредба на СДСМ да се урне споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето? Која е разликата меѓу Ал Багдади, еден од лидерите на ИСИЛ кој даде наредба за уништување на древната Палмира и вчерашната наредба на СДСМ за уривање на споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето? Одговорот е јасен. Разлика нема! Ова се вандалски акти, целосно неприфатливи за 21 век. Разлика нема освен нијансата дека оние од СДСМ кои го нарачале, смислиле и реализирале овој срамен чин, кукавички се сокрија и го урнаа споменикот во раните утрински часови, сметаат во ВМРО-ДПМНЕ.

„Рушењето на споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето е акт на длабока фрустрација и гнев кон сопствениот народ, кон сопствената историја и кон сопствената култура. СДСМ испраќа порака дека во Македонија се е менливо, дека нема историја, нема идентитетско обележје или било што од кое тие самите се подготвени да се откажат да го поништат. СДСМ е подготвено да уништи и тоа што не се бара од нив“, се вели во соопштението од партијата.