Ракометарите на Вардар го декласираа Кристијанштад во Лигата на шампиони


Актуелниот европски и македонски шампион Вардар делуваше моќно на вечерашниот дуел со шведски Кристијанштад завршувајќи ја 2017 година со убедлив триумф од 31:15. За „црвено-црните“ ова беше осма победа во 10. настап сезонава во Лигата на шампионите. Отпорот на Швеѓаните во СЦ „Јане Сандански“ траеше само тринаесетина минути, по што проработи вардаровиот напад, а одбраната …

Ракометарите на Вардар го декласираа Кристијанштад во Лигата на шампиони Read More »

Се урна пешачки мост во Прага


Во северниот дел на чешкиот главен град Прага денеска се урна пешачки мост над реката Влтава, долг 253 метри, објавија чешките медиуми. Повредени се четири лица, кои се пренесени в болница. Во моментот се трага по луѓе кои можеби паднале во водата. Спасувачки екипи се испратени на местото на инцидентот, а во операцијата е вклучен …

Се урна пешачки мост во Прага Read More »

Колективна оставка на советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Вевчани


Сите четворица претстаници на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Вевчани денеска поднесоа колективна оставка на функцијата, во знак на протест, како што појаснија, против политиката и начинот на владеењето на СДСМ како и во знак на поддршка на нивниот сопартиец во Собранието Крсто Мукоски. Тие најавија дека целосно ќе ја бојкотираат работата на општинскиот совет …

Колективна оставка на советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Вевчани Read More »

Најмалку 12 жртви во самоубиствен напад во Нигерија


Најмалку 12 лица загинаа денеска при двоен самоубиствен напад во североисточниот дел на Нигерија, соопштија претставници на локалните власти. Осум мажи и четири жени загинале во нападот, кој бил извршен на пазар во градот Биу, во државата Борно. Напаѓачите го активирале експлозивот кој го имале на себе во момент додека хуманитарни работници им раздавале храна …

Најмалку 12 жртви во самоубиствен напад во Нигерија Read More »

Судир на полицијата и на протестанти во Хамбург


Неколку лица се повредени во Хановер при растерување на протестот кој беше организиран против конгресот на десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД), соопшти портпаролка на полицијата. Таа потврди дека се повредени неколку полицајци и најмалку еден демонстрант. Полицијата употреби водени топови, со цел да ги растера стотиците демонстранти, кои се обиделе да ги отстранат уличните …

Судир на полицијата и на протестанти во Хамбург Read More »

Премиерот Заев следната недела на средби со Јункер, Могерини и Хан


Претседателот на Владата Зоран Заев на 5 и 6 декември ќе биде во дводневна работна посета на Брисел, каде, како што е најавено, ќе се сретне со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и со еврокомесарот за соседска политика и за проширување …

Премиерот Заев следната недела на средби со Јункер, Могерини и Хан Read More »

Алкохолизмот – главна причина за семејно насилство во Струмица


Алкохолизмот главна причина за семејно насилство во Струмица, а според статистиката жртви се жените, истакнаа денеска од Организацијата на жени, организатори на дебатата „Заедно против насилството врз жените.“ -Во 2015 година имавме најголем број изречени привремени мерки од семејно насилство на луѓе кои злоупотребуваат алкохол, на кои, согласно законските прописи подлежат на задолжително лекување од …

Алкохолизмот – главна причина за семејно насилство во Струмица Read More »

Косово испрати спасувачки екипи во Албанија


Косово денеска испрати први спасувачки екипи во Албанија за справувањето со големите поплави, со кои се соочува земјата. По барање на Кризниот штаб на Албанија во поддршка на акците за спасување испратени се пет спасувачки екипи и тројца експерти за проценка на состојбата. Доколку има потреба косовските власти најавија дополнителна помош. Екипите се составени од …

Косово испрати спасувачки екипи во Албанија Read More »

Комеморативна седница за новинарот Столе Божиновски


Во салата на општина Куманово денеска се одржа комеморатина седница за новинарот Столе Божиновски, кој почина по кратко боледување. На седницата која ја организираше Регионалниот центар на здружението на новинари, присуствуваа членови на семејството на Божиновски, градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, претставници од Советот на општината, од здружението на армиски и полициски ветерани, новинари, …

Комеморативна седница за новинарот Столе Божиновски Read More »

Алаѓозовски: Врнежливото време предизвика алармантна состојба во институциите од културата


Новите градби од пред четири години на Македонскиот народен театар и Археолошкиот музеј ги покажуваат истите проблеми заедно со објектите изградени пред 50 или 60 години, оцени денеска министерот за култура Роберт Алаѓозовски. На прес-конференцијата свикана по повод проблемите кои се појавија во институциите по врнежливото време, министерот Алаѓзовски истакна дека се дадени насоки на …

Алаѓозовски: Врнежливото време предизвика алармантна состојба во институциите од културата Read More »

Топла зима со натпросечни температури


Топла зима со натпросечни температури и врнежи во рамки на многугодишниот просек прогнозираат метеоролозите за претстојната зима. Постудено се очекува од втората половина на јануари. Температурите на воздухот во Македонија овој месец и наредните два зимски месеца имаат поголема веројатност да бидат над просекот, со отстапување од околу два степена од многугодишниот просек. Отстапувањето се …

Топла зима со натпросечни температури Read More »

Дувњак се враќа на терен


По речиси осуммесечна пауза поради повреда, хрватскиот ракометар Домагој Дувњак се враќа на теренот. Некогаш најдобриот и најплатен ракометар на светот, вечерва ќе настапи за својот Кил во натпревар од германското првенство против Хатенберг. Идниот месец, Дувњак ќе ја предводи хрватската репрезентација на Европското првенство, кое се оддржува во неговата земја.

BDI mirëpret epilogun e “Monstrës”, shpreh neveri për reagimet abuzuese të partive


  Bashkimi Demokratik për Integrim mirëpret vendimin e Gjykatës Supreme për rigjykim të rastit Monstra dhe lirimin e të akuzuarve për tu mbrojtur në liri. Kërkesa e prokurorisë si dhe vendimi i gjykatësve janë të drejta dhe në përputhje me pritshmëritë tona dhe të qytetarëve. Që në fillet e hetimit dhe më pas edhe të …

BDI mirëpret epilogun e “Monstrës”, shpreh neveri për reagimet abuzuese të partive Read More »

Скопјанец почина во џамија


Седумдесет и седумгодишниот С.Ј. од Скопје почина вчера околу 13 часот додека присуствувал на молитва во џамија на улицата „Душко Поповиќ“ во населбата Бутел. Од полицијата велат дека несреќниот скопјанец имал здравствени проблеми. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Гостиварец загина во сообраќајка


Дваесет и тригодишен гостиварец загина во сообраќајна несреќа што се случи во петокот околу 18.42 часот на улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје. Според полицијата, патничко моторно возило „ланд крузер“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Н.Ј.А.М. (58) од село Орман удрило во пешаците А.Н. (23) од Гостивар и З.А. (68) од село Дебреше, гостиварско. Тие …

Гостиварец загина во сообраќајка Read More »

Изгаснат пожарот во Пржино, тројца повредени


Изгаснат е пожарот кој вчера избувна во подрумските простории на зграда во населбата Пржино. Повредени се три лица кои вдишале чад и се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Станува збор за мајка и татко кои се пренесени на Клиниката за токсикологија, а 10-годишното дете од Токсикологија е препратено на Детската клиника. Директорот на Клиниката …

Изгаснат пожарот во Пржино, тројца повредени Read More »

Лондон: Автомобил удри во пешаци, две лица се во критична состојба


Автомобил удри во група пешаци во Лондон околу три часот утрово, по што пет лица се повредени, меѓу кои две се наоѓаат во критична состојба. Инцидентот се случи во улицата Стоквел роуд, а полицијата соопшти дека случајот не го третира како тероризам. – Полицијата е повикана на самото место во три часот по полноќ, со …

Лондон: Автомобил удри во пешаци, две лица се во критична состојба Read More »

Чуда се случуваат: Во САД се роди бебе од трансплантирана матка


Во САД е родено првото бебе од трансплантирана матка, соопшти болница во Тексас, каде е родено бебето. Жената, која е родена без матка, се породи во универзитетскиот здравствен центар „Бејлор“ во Далас. Портпаролот на болницата Крек Сиволи потврди дека бебето е родено од трансплантирана матка во Тексас, без да наведе повеќе детали, најавувајќи дека в …

Чуда се случуваат: Во САД се роди бебе од трансплантирана матка Read More »

Зголемен водостојот на сите реки во државава


Обилните врнежи од дожд предизвикаа зголемување на водостојот на сите реки во државата. Двојно е зголемено нивото на реките Вардар, Треска, Крива Река и Сатеска, а над просекот за ноември е водостојот на реките Пчиња, Брегалница, Црн Дрим и Црна Река. На сите мерни станици на Управата за хидрометеролошки работи, нивото на реката Вардар е …

Зголемен водостојот на сите реки во државава Read More »

Митковски: Не бараме амнестија, туку домашен притвор за Владо


Оливер Митковски, еден од актерите кои играат во претставата ,,Ничија земја“, на својот ФБ профил се обиде да ја објасни одлуката вчера да не ја одиграат пред публиката во МНТ и да бојкотираат во знак на поддршка на нивниот колега Владо Јовановски, кој веќе е во затворски притвор за насилствата во парламентот на 27 април. …

Митковски: Не бараме амнестија, туку домашен притвор за Владо Read More »