Чуда се случуваат: Во САД се роди бебе од трансплантирана матка


Во САД е родено првото бебе од трансплантирана матка, соопшти болница во Тексас, каде е родено бебето.

Жената, која е родена без матка, се породи во универзитетскиот здравствен центар „Бејлор“ во Далас.

Портпаролот на болницата Крек Сиволи потврди дека бебето е родено од трансплантирана матка во Тексас, без да наведе повеќе детали, најавувајќи дека в понеделник по тој повод ќе биде одржана прес конференција.