12. македонско-северноамериканска конференција за македонистика во Охрид – доаѓаат Виктор Фридман и Кристина Крамер

Од 10 до 12 септември 2025 година во Охрид, во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, ќе се одржи 12. македонско-северноамериканска конференција за македонистика.
Со ова нејзино издание се продолжува повеќе од тридецениската традиција на соработка меѓу научниците од северноамериканската и македонската академска средина, започната со одржувањето на првата конференција одржана во 1991 г. на Универзитетот Мичиген во Ен Арбор, САД.Конференцијата се одржува на секои три години, наизменично во Македонија и во Северна Америка, со цел да се продолжи и да се продлабочи соработката меѓу научниците и истражувачите од двете страни.
Македонистичките проучувања опфаќаат различни дисциплини, па така на овие конференции се изложуваат теми од областа намакедонистиката во поширока смисла:проучувања на македонскиот јазик и намакедонската книжевност,но ина историјата, археологијата, етнологијата,антропологијата, социологијата, културата, уметноста, фолклорот и др.
На годинешната Mакедонско-северноамериканска конференција ќе учествуваат еминентни странски македонисти, слависти и балканисти, како Виктор Фридман, Кристина Крамер, Кит Браун, Грејс Филдери др., кои со своите колеги од Македонија ќе разменат идеи, резултати и искуства, претставувајќи ги своите истражувања поврзани со широк спектар теми од областа на македонистиката.
Конференцијата, која ќе се отвори на 10 септември (среда) во 10 часот, традиционално е под покровителство на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ , и е организирана во соработка со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.