Двајца мртви во заложничката драма во Франција


Едно или две лица најмалку се застрелани за време на заложничка драма во францускиот град Треб, соопшти француската полиција.

Францускиот главен обвинител изјави дека заложничката криза ја третира како терористички напад. Премиерот Едуар Филип ја оквалификува како „сериозна ситуација“ со земањето заложници во супермаркет во јужна Франција.

Постои сомневање дека напаѓачот е поврзан со ИД, соопштиле од канцеларијата на локалниот обвинител.

Претходно, вооружен маж пукаше врз полицаец во градот Каркасон што се наоѓа во близина на Треб.

Нема официјална потврда дека двата инцидента се поврзани.