Шестгодишна суспензија за Николас Кикер заради местење на натпревари


Аргентинскиот тенисер Николас Кикер доби вкупнa шестгодишна суспензија, откако беше прогласен за виновен дека учествувал во местење на натпревари.

На 25-годишниот тенисер му беа изречени три години забрана за играње, како и уште три години условно, а ќе мора да плати и глоба од 25.000 долари.

Кикер, кој сега се наоѓа на 100-та позиција на АТП листата, е прогласен за виновен за местење натпревари на турнири во Италија и Колумбија во 2015 година.

Негов најдобар пласман на АТП листата е 78-то место во јуни 2017 година.