Француски суд издаде потерница по ќерката на саудискиот крал


Француски Суд издаде меѓународна потерница за апсење на ќерката на судискиот крал Салан бин Абдулазиз, принцезата Хаса бинт Салман, поради напад на нејзин телохранител врз вработен во нејзиниот стан во Париз.

Во потерницата се наведува дека Судот ја бара принцзата Хаса поради сослушување во врска со вооружено насилство, киднапирање, кражба и смртни закани за кои е обвинет припадник на нејзиното обезбедување.

Налогот за апсење на принцезата Хаса доаѓа во време на затегнати односи меѓу Париз и Ријад, поради заложбите на францускиот претседател Емануел Макрон за подобрување на односите со Иран, кој е главен регионален ривал на Саудиска Арабија за доминација на Блискиот Исток.

За почетокот на април предвидена е посета на Париз на братот на принцезата Хаса, саудсикиот престолонаследник, крунскиот принц Мохамед бин Салман. Неговиот престој во Франција досега беше одлаган во неколку наврати поради посети на САД и Велика Британија.