Француски адвокати бараат полицијата да престане да користи шок бомби ГЛИ-Ф4


Франција – Група француски адвокати ја повика Владата на Франција да им забрани на полициските сили користење на шок бомбите ГЛИ-Ф4 при справување со насилни протести.

При употреба на вакви бомби за време на протестите на „жолтите елеци“ на 24 ноември и 1 декември во Париз, беа повредени неколку лица.

Петмина париски адвокати соопштија дека поднеле неколку тужби во има на лица, кои биле повредени при употребата на овие бомби од страна на полицијата изминативе денови.

– Одлучивме колективно во име на лицата што ги претставуваме, да побараме од премиерот формално да го укине декретот кој и овозможува на полицијата да ги користи бомбите ГЛИ-Ф4, изјави еден од петмината адвокати, Рафаел Кемф.

Тој најави дека ако францускиот премиер Едуар Филип фо одбиени нивноот барање за укинување на декретот, адвокатите ќе побараат Управниот суд да донесе судска забрана за употреба на овој тип шој бомби.

ГЛИ-Ф4 е шок бомба со солзавец која содржи ТНТ. Користењето на оваа бомба досега неколку пати беше доведувано во прашање, особено за време на протестите против изградбата на нов аеродром во Нотр-Дам-де-Ландес во северозападниот француски департман Лоара-Атлантик.

Вилијам Бурдон, кој е еден од петмината адвокати, оцени дека во време на криза и немири во градски средин, правното насилство е станува легитимно,

– Она што ја разликува демократијата од другите режими е тоа што, поради законот, командната структура и полициската тактика, правното насилство е секогаш легитимно. Тоа е демаркациската линија, која, за жал, е премината во последниве денови. Доказите кои ние ги поседуваме илустрираат јасно непропорционално користење на насилство, додаде Бурдон.

Тој соопшти дека вчера поднел тужба до Обвинителството во Париз во име на еден 21-годишен човек, кому му била разнесена раката при експлозија на ваква бомба, додека протестирал со неколку членови на неговото семејство.

Бурдон побара назначување на „еден или повеќе истражни судии“, кои би ги третирале овие тужби.