(Фото) Министерот Филипче и Јане Велковски трчаа за ретките болести
Министерот за здравство, Венко Филипче и малиот Јане Велковски, момчето кое чека лек за својата возраст, беа меѓу учесниците на трката „Охрид трчаТ“, рекреативна трка од пет километри за поддршка на лицата со ретки болести.
На трката имаше повеќе од 1.000 учесници, меѓу нив и професионални спортисти, јавни личности и политичари.
Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ се одржува од минатата година. Најмасовна е екипата на Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со Предизвици“. Шеесеттина нивни активисти, но и сами пациенти со ретки болести и нивни семејства преку учеството на манифестацијата даваат свој придонес за подигнување на јавна свест, навремена и бесплатна дијагноза и достапност на лековите за пациентите со ретки болести.