Формирано Здружение за кардиоторакална хирургија, претседател е д-р Владимир Чадиковски


Кардиоторакалните хирурзи од јавното и од приватно здравство во земјава и од странство формираа Здружение за кардиоторакална хирургија. Тоа е прво од таков вид, а претседател е детскиот кардиохирург д-р Владимир Чадиковски.

Во иницијативниот одбор на Здружението се проф. д-р Горан Кондов, проф. д-р Омер Џемаили, спец. д-р Оливер Бушлетиќ, проф. д-р Зоран Спировски, проф. д-р Александар Николиќ, проф. д-р Андреја Арсовски, спец. д-р Владимир Емануловиќ Белостоцки, спец. д-р Елвис Мустафа, спец. д-р Петар Ристевски и спец. д-р Владимир Чадиковски.

„Целта на здружението е да овозможи подобар пристап и информираност на своите членови за сите новини во светот од областа на срцевите и торакални интервенции, промоција на истражувањата кои се од јавен интерес со цел да се афирмираат позитивните резултати кои ги дава оваа хируршка дејност. Здружението ќе обезбеди можности за континуирана медицинска едукација на своите членови за да се унапредат и усовршат кардиохируршките интервенции во нашата држава“, соопштија оттаму.