Форбс: Џоан Роулинг е најбогата писателка


САД– „Форбс“ ја рангираше авторката на „Хари Потер“ Џоан Роулинг за најбогата писателка со заработени 1 милијарда долари, 54 милиони само во 2018 не само од нејзините познати книги за волшебникот Потер туку и продажбата на играчки и облека со ликовите на јунаците кои ги создаде.Малиот волшебник, кој во меѓувреме порасна, освои милиони читатели низ светот.

На второ место по заработката е бразилскиот писател Пауло Коелјо, чиј имот се проценува на половина милион долари. Познатиот писател на хорор приказни Стивен Кинг, пак, “вреди„ 400 милиони долари.

Нора Робертс, чие богатство се проценува на 390 милиони долари е на четврто место, а едно место подолу е Даниела Стил, чиј имот се проценува на 375 милиони долари. На списокот се и Џејмс Патерсон, со капитал проценет на 310 милиони долар, Џон Гришам со 200 милиони долари, а со исто толку пари можат да се пофалат и Стајн, Џефри Арчер и Ден Браун.