Филипче: Секој млад лекар ќе добие платена позиција


Младите лекари, кои имаат лиценца за работа, по автоматизам ќе добијат платена позиција во системот на примарната заштита, најави денеска министерот за здравство, Венко Филипче, при посетата на охридската болница.
За проблемот во ресорот на здравство со недостиг на медицински кадар во земјата, министерот Венко Филипче потсети дека изминатата година Министерството вработило 3.200 лица, најмногу лекари и медицински персонал.
– Иако со тој тренд продолжуваме и оваа година, воведуваме нова програма согласно измените на Законот за здравствена заштита, секој млад лекар кој ќе добие лиценца за работа, по автоматизам добива платена позиција во системот за примарна здравствена заштита. Наша проценка е дека тој период од шест месеци е неопходен за стекнување на потребното работно искуство, рече Филипче.