Уште една жртва на сообраќајката кај Ласкарци: Почина 19-годишна девојка
Уште една жртва на трагичната автобуска несреќа на патот Скопје – Тетово. Денеска, на повредите им подлегна 19-годишната девојка, на која, по несреќата и беше ампутирана ногата.
„И покрај сите напори на лекарите да и го спасат животот, односно да ги санираат повредите, девојката почина денеска околу 13 часот“, потврди за „Независен весник“, д-р Алберт Леши, раководител на Клиниката за трауматологија, ортопедија, анестезија и анимација при Клиничкиот центар во Скопје.
Таа е 16. жртва на несреќата кај Ласкарци што се случи на 13 февруари кога автобус на „Дурмо турс“ полн со патници излета возејќи од Скопје кон Гостивар. (В.М.Л.)