Учениците во сабота ќе одработуваат поради продолжениот распуст


Основните училишта оваа сабота ќе одработуваат еден од двата пропуштени дена во наставата, кога зимскиот распуст беше продолжен. Вториот ден ќе се одработува на 30 март .
Ќе се одработуваат часови според распоред за понеделник и вторник, за одработување на пропуштената настава од 21 и 22 јануари, кога поради загадениот воздух, учениците имаа продолжен распуст.
Дополнувањето на Календарот за организација и работа на основните училишта е објавено денеска во „Службен весник“.