Туск: Да бидеме подготвени дека нема да има договор за Брегзит


Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска изјави дека 27 земји членки на ЕУ кои ќе останат во Унијата по излезот на Велика Британија, мора да бидат подготвени на тоа дека нема да има договор за Брегзит, што е „најверојатно сценарио“.

– Да бидам апсолутно јасен. Фактот дека се подготвуваме да нема договор, не води далеку од напорите да се постигне најдобар можен договор … Да не се откажуваме, напиша Туск во писмото со покана за самитот на ЕУ кој ќе се одржи во среда и четврток.

Тој додаде дека ја повикал британската премиерка Тереза Меј на самиотот да им се обрати на колегите од ЕУ.