Триесетдневен притвор за мажот што ја застрела сопругата во Мала Речица


Триесетдневен притвор му определил судија во претходна постапка при основниот суд во Тетово на А.К. (53) од Мала Речица како осомничен  дека сторил три кривични дела „убиство“, „убиство во обид“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Веднаш по определената мерка тој бил однесен за издржување на притворот во казнено поправната установа Скопје во Шуто Оризари информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

А.К. се товари дела делата за кои е осомничен ги извршил пред два дена во неделата  во периодот од 22 до 23 часот во Мала Речица. Тогаш со огнено оружје  пиштол  што го поседувал без дозвола ја лишил од живот неговата сопруга Х.К.( 52 ) и се обидел да го убие Р.Џ. (50) од Мала Речица.

Потоа тој со своето возило избегал, но, вчера околу 18 часот бил пронајден и уапсен од полицијата во тетовското планинско село Гајре. При апсењето кај осомничениот биле пронајдени и одземени пиштол и ловечка пушка.