Трамп организираше вечера со хамбургери, помфрит и пици


САД– Американскиот претседател Донакд Трамп организираше вечера за шампионите во колеџ лигата во рагби, тимот „Клемсон Тајгерс“, на чие мени се најдоа повеќе од 300 хамбургери со помфрит и по некоја пица, јави Би-Би-Си.

– Поради блокадата (на федералната администрација)… излеговме и нарачавме американска брза храна, што ја платив јас, изјави Трамп пред новинарите.

Голем дел од федералната администрација во САД не функционира поради спорот околку буџетот меѓу Трамп и демократите во Конгресот, што засегна околку 800.000 државни службеници, меѓу кои и пресоналот на Белата куќа. Државните службеници се или на принуден одмор или работат без плата.

Блокадата на администрацијата трае веќе 24 дена, но Трамп одбива да го одобри буџетот за оваа година доколку во него не се предвидат средства за изградба на ѕид на границата со Мексико, на што жестоко се противат демократите.

– Имаме пици, 300 хамбургери, многу, многу помфрит. Нашата омилена храна. Ме интересира што ќе видам на крајот, бидејќи мислам дека нема да остане многу од сето ова, изјави Трамп за време на вечерата.

На новинарско прашање што најмногу сака да јаде од понуденото на менито, Трамп одговори: „сѐ“.

– Ако е американска храна, ја сакам. Ја сакам секоја американска храна, истакна Трамп.

Тој не соопшти колку платил за вечерата, но нагласи дека не сакал да ја одложи прославата со рагбистите на „Клемсон Тајгерс“ поради блокадата на администрацијата.