Трамп го потпиша указот за повлекување на американските војници од Сирија


САД – Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ за претстојното повлекување на американските војници од Сирија.

Ова го соопшти претставник на Пентагон кој не кажа други детали.

Трамп во петокот објави дека ќе ги повлече американските војници од Сирија, нагласувајќи дека „Исламска држава“ е победена. Според американски официјални претставници, повлекувањето на повеќе од 2.000 американски војници може да трае од 60 до 100 дена.

Американскиот претседател планира повлекувањето да се одвива бавно и во тесна координација со Турција, јавуваат светските агенции. Целта е да се избегне вакуум во власта во регионите кои се под контрола на курдските бунтовници. Повлекувањето на американските сили ќе ја остави курдската милиција, Сили за заштита на народот без воена поддршка во време кога Анкара се заканува да ја нападне. Официјалниот став на Турција е дека Силите за заштита на народот е терористичка организација.