Тетовци ја претепале ќерка си оти не сакала да им ја даде платата
Родители од Тетово ја натепале својата 24-годишна ќерка зашто не сакала да им ја даде својата плата.
Како што известуваат од МВР, вчера околу 22 часот С.Џ. (24) од Тетово пријавила дека нејзините родители физички ја нападнале затоа што не им ја давала платата на родителите.
„Во наведеното време, во нејзината соба влегла мајка ѝ и побарала да ѝ ја даде целата плата. Таа се спротивставила и тогаш мајка ѝ почнала да ја влече за коса, а татко ѝ неколку пати со тупаници ја удрил по главата и телото, нанесувајќи ѝ видливи повреди. Родителите М.Џ.(44) и М.Џ.(41) биле повикани во Полициската станица Тетово“, велат од МВР.
Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок против родителите.