Татко го нападнал синот со тупаници зашто не сакал да ги плаќа сметките за струја
Б.Б. (40) од село Шемшово, Тетовско, пријавил дека вчера околу 13 часот неговиот 71-годишен татко физички го нападнал во дворот од нивната куќа, додека со секира сечел дрва.
„Таткото најпрво започнал расправија околу неплатени сметки за електрична енергија, по што со тупаница го удрил по лицето. Пријавителот го турнал татка си, но тој веднаш станал и се обидел да му ја одземе секирата, поради што Б.Б.(40) се здобил со исеченица на десната дланка. Б.Б. (71) бил повикан во Полициското одделение Јегуновце“, се вели во полициското соопштение.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.