Стинг запеа на италијански на Сан Ремо


Италија-Во приморскиот италијански град Сан Ремо во тек е 68-то издание на престижниот музички фестивал со најголемите италијански и светски ѕвезди како гости. До сабота, во салата „Аристон“ ќе настапат 27 познати изведувачки имиња. Фестивалот годинава го водат Мишел Ханцингер, поранешната сопруга на Ерос Рамацоти и актерот Пјерфранческо Фавионо.

Синоќа, на втората вечер на фестивалот, како прв специјален гостин настапи мега ѕвездата Стинг. На изненадување на публиката, Стинг реши овојпат да не изведува своја песна на италијански, туку песната „I will burn for you“ од 1985, со помош на Зукеро, ја препеа на италијански. Тој истакна дека отсекогаш сакал една своја песна да препее на италијански и по сугестија на Зукеро, се одлучиле тоа да биде песната „Умирам за тебе“. Веднаш по соло настапот, на Стинг му се придружи и раперот Шеги и заедно ја изведоа песната „Don’t make me wait.“

Петата финална вечер е позната под името „Шампиони“ и на неа ќе се натпреваруваат оние кои обезбедиле пласман од претходни три вечери, а победникот ќе ја претставува Италија на „Евровизија 2018“ во Лисабон, Португалија.