Србија: Од денеска зголемување на платите во јавниот сектор за 10 отсто


Платите во јавниот сектор во Србија од денеска ќе бидат зголемени за 10 отсто, за пет отсто во администрацијата, а пензиите исто така ќе бидат зголемени за пет отсто.

Со измените и дополнувањата на Законот за буџет се предвидува учеството на платите и општото ниво на државата во БДП да биде седум отсто, односно учеството на пензиите во БДП да изнесува до 11 отсто.

За зголемување на платите и пензиите предвиден е износ од 35 милијарди динари.
Предвидено е намалување на нивото на заработувачка без придонеси на товар на работодавачите до седум отсто од БДП.

Исто така, продолжена е забраната за вработување во јавниот сектор до крајот на 2018 година.